Достапни линкови

Херман Кеин - Не е битно кој е претседател на Узбекистан


Херман Кеин се бори да стане кандидат на Републиканската партија за претседател на САД.
Херман Кеин се бори да стане кандидат на Републиканската партија за претседател на САД.

Херман Кеин е еден од кандидатите за номинација на Републиканската партија за кандидат за претседател на САД на изборите во 2012 година.

Планерот на републиканскиот престседателски кандидат е целосно исполнет со секакви обврски. Тој има книга за продавање, која се вика „Ова е Херман Кеин! Моето патување кон Белата Куќа“. Тој треба да го промовира и „9-9-9 Планот“ за даночни реформи. Со таков стегнат распоред, кога ќе најде време за да се подготви за неизбежното прашање, како на пример: Кој е претседател на Узбекистан?
Кога ќе ме прашаат кој е претседателот на Узбеки – беки – беки – стан – стан, јас ќе речам „Не знам. Дали вие знаете?“ И потоа само ќе прашам – Како тоа ќе создаде ново работно место?
Херман Кеин, кандидат за номинација за кандидат за претседател на САД од Репбликанската партија.

Не само што Кеин нема време за ваков вид на прашања, туку апсолутно нема ни намера да проба да се информира. Во неодмнешното интервју на американска телевизија тој изјави:

„Кога ќе ме прашаат кој е претседателот на Узбеки – беки – беки – стан – стан, јас ќе речам „Не знам. Дали вие знаете?“ И потоа само ќе прашам – Како тоа ќе создаде ново работно место?“
Херман Кеин.
Херман Кеин.

Според последната анкета на Ројтерс, најсериозен кандидат за претседател на САД на изборите во 2012 година, меѓу поддржувачите на Републиканците, е поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни. Втор на листата е гувернерот на Тексас Рик Пери. Сепак, и Кеин се надева дека може да ја добие довербата на сопартијците.
Не мислам дека информацијата за тоа кој е шеф на некои мали и незначајни земји во светот е нешто што е од клучно значење за националната безбедност и економски раст. Кога ќе бидам поготвен да ја посетам таа земја, тогаш ќе знам кој е.
Херман Кеин, кандидат за номинација за кандидат за претседател на САД од Репбликанската партија.

Тој во интервјуто ја објаснува и својата методологија:

„Јас сакам да се фокусирам на главните приоритети на државата, тоа го прават лидерите. Тие си поигуруваат дека нацијата е фокусирана на критичните прашања и нивни решенија. Не мислам дека информацијата за тоа кој е шеф на некои мали и незначајни земји во светот е нешто што е од клучно значење за националната безбедност и економски раст. Кога ќе бидам поготвен да ја посетам таа земја, тогаш ќе знам кој е. Но, дотогаш сакам да се фокусирам на големите прашања што треба да се решат.“

Американските односи со Узбекистан неодамна беа на насловните страни на весниците поради претседателот Барак Обама, кој пред еден месец му се јави на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов за да му ја честита 20-годишнината од независноста од Советскиот Сојуз.
Аналитичарите сметаат дека американските власти сакаат да ги подобрат односите со Узбекистан, поради можностите, од таму да се снабдуваат американските војници во Аванистан по влошувањето на односите со Пакистан. Обама ја направи американската војна во Авганистан приоритет на националната безбедност.

Американско-узбекистанските односи се подобрија по 2001-та година, но се заострија во 2005-тата година по извештаите дека Каримов спроведува режим и дека јавно се убиени неколку стотоци граѓани во главниот град.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG