Наведувајќи дека републиканските политичари нив ги нарекуваат антиамерикански банди кои водат класна војна во текстот Пол Кругман посебно ја наведува изјавата на сенаторот Ренд Пол кој поради некоја причина бил загрижен дека демонстрантите ќе започнеле да запленуваат iPad-ите, бидејќи веруваат дека богатите луѓе не ги заслужуваат.
Ако ги слушате вестите на CNBC, ќе научите дека демонстрантите ги развеале нивните страшни знамиња и оти се поврзани со Ленин.
За да се разбере сето ова, траба да се сфати дека станува збор за поширок синдром во кој богатите Американци кои имаа полза од сегашниот систем хистерично реагираат спрема секој кој укажува колку овој систем е лажиран.Пол Кругман, Њујорк Тајмс.
И ако ги слушате вестите на CNBC, ќе научите дека демонстрантите ги развеале нивните страшни знамиња и оти се поврзани со Ленин.
За да се разбере сето ова, траба да се сфати дека станува збор за поширок синдром во кој богатите Американци кои имаа полза од сегашниот систем хистерично реагираат спрема секој кој укажува колку овој систем е лажиран.
Обама социјалист?
Минатата година, како потсетување, голем број на финансиско-индустриски магнати здивеа на многу благите критики од претседателот Обама. Тие го осудија Обама дека е социјалист поради усвојувањето на правилото со кое на банките кои се поддржани со федерални гаранции едноставно ќе се забрани да се впуштаат во ризични шпекулации.
Што се случува овде? Одговорот, сигурно, е дека Волстритските господари на Универзумот сфатија, длабоко во себе, колку нивната позиција е морално неоправдана. Тие не се Стив Џобс. Тие се луѓе кои се збогатија од ширење комплексни финансиски шеми, кои не втурнаа во криза чии последици продолжуваат лошо да влијаат врз животите на десетици милиони Американци.
Сепак, тие не платија никаква цена. Нивните институции беа санирани од страна на даночните обврзници. Тие продолжуваат да имаат корист од федералните гаранции и од даночните дупки при што луѓе со мултимилионски приходи плаќаат пониски стапки од средната класа. Овој посебен третман не може непосредна да се контролира и затоа, како што тие гледаат на работите, не смее да има непосредна контрола. Секој кој укажува на очигледното, без разлика колку е тоа мирно и умерено, мора да биде демонизиран и исфрлен од сцената.
Всушност, колку што критиките звучат поумерено и поразумно толку поитно тие треба да бидат демонизирани. Значи, кој тука навистина е неамериканец? Тоа не се демонстрантите кои едноставно се обидуваат да се слушне нивниот глас. Не, вистинските екстремисти тука се олигарсите во Америка, кои сакаат да ги потиснат сите критики на изворите на нивното богатство, наведува Пол Кругман во коментарот објавен во весникот Њујорк тајмс.