Во црни денови луѓето природно бараат трошка надеж. Тоа во минатата недела за светските пазари беше планот за спас на еврото што го усвоија европските лидери, пишува весникот Економист додавајќи: „Но, ваквата надеж, по се изгледа ќе исчезне“.
Има три причини поради кои надежите за светската економија ќе исчезнат, се наведува во анализата на весникот Економист:
Прво, европските лидери се далеку од договор за тоа како да го спасат еврото. Најдобро што може да се каже дека сега тие имаат план за да донесат план и тоа најрано до ноември годинава.
Второ, и доколку Европа ја одбегне катастрофата, перспективите за светската економија ќе стануваат се поцрни поради острите мерки за штедење во богатите земји и поради тоа што оние посиромашните нема да се развиваат доволно брзо.
Трето, американските политичари, уште еднаш, се закануваат да го уништат заздравувањето со нивното неодговорно водење.
Сето заедно, кажува дека ни претстои опасен период. Најмогу од вината сепак би требало да падне врз лидерите на еврозоната која е во непосредна опасност. Тие конечно се фокусираа врз вистинските приоритети, изградба на штит околу неликвидните, но солвентни земји како Италија, поттикнување на банките и порешително справување со Грција. Сето ова треба да доведе до план на самитот на Г20 во Кан. Но, тоа е долго време за чекање, а Европјаните се уште не се согласуваат како сето ова и да го спроведат.
Најитните решенија како реструктуирање на грчкиот долг и бариерата околу Италија бараат голема политичка храброст, нешто што Меркел, Саркози и другите треба се уште да го покажат. Поголем дел од светот сега ја плаќа нивната плашливост.
Американската економија се уште поткуцува, а Федералните резерви се обидуваат со нови начини на поддршка, но некако со половина срце. Што и да прави, Америка во моментов е на пат кон најголеми фискални затегнувања.
А, доколку демократите и републиканците не постигнат компромис околу дефицитот, тогаш во 2013 ќе следат драконски мерки за штедење. По кризата со Леман, политичарите главно ја направија вистинската работа. Резултатот не беше брзо враќање на развојот на Западот, туку спречување да се повтори слична рецесија.
Сега, политичарите по се изгледа грешат. Нивните грешки се различни, но две посебно се издвојуваат. Едната е преферирање краткорочни фискални мерки за штедење наместо потикнување на развојот. Втората се однесува на искреноста. Повеќето политичари од богатиот свет не успеаа да им кажат на гласачите за нивото на проблемот.
Во Германија каде што стапката на невработеност опаѓа, луѓето мислат дека кризата е поради мрзливите Грци и Италијанци. Меркел треба да им објасни дека во тоа се вклучени и германските банки и оти Германија се соочува со избор меѓу скапо и уништувачко решение. Во време на огромни проблеми, политичарите изгледаат како Лилипутанци. Тоа е вистинската причина да се биде уплашен, заклучува весникот Економист.

Во Германија каде што стапката на невработеност опаѓа, луѓето мислат дека кризата е поради мрзливите Грци и Италијанци.
Второ, и доколку Европа ја одбегне катастрофата, перспективите за светската економија ќе стануваат се поцрни поради острите мерки за штедење во богатите земји и поради тоа што оние посиромашните нема да се развиваат доволно брзо.
Трето, американските политичари, уште еднаш, се закануваат да го уништат заздравувањето со нивното неодговорно водење.
Сето заедно, кажува дека ни претстои опасен период. Најмогу од вината сепак би требало да падне врз лидерите на еврозоната која е во непосредна опасност. Тие конечно се фокусираа врз вистинските приоритети, изградба на штит околу неликвидните, но солвентни земји како Италија, поттикнување на банките и порешително справување со Грција. Сето ова треба да доведе до план на самитот на Г20 во Кан. Но, тоа е долго време за чекање, а Европјаните се уште не се согласуваат како сето ова и да го спроведат.
Во време на огромни проблеми, политичарите изгледаат како Лилипутанци. Тоа е вистинската причина да се биде уплашен.