Достапни линкови

Иднината на еврото зависи од Меркел


Како што Европската унија се движи кон економска криза, така сите се свртени кон Германија.

Европската индустриска локомитва би требало да го предводи планот за спасување на еврото кое тоне. Меѓутоа, како што канцеларката Ангела Меркел се движи кон одлука за поголема европска фискална унија, така противниците во нејзината коалиција и се закануваат дека тогаш таа ќе ја загуби функцијата.
Грција веќе не може да биде членка на еврозоната. Затоа дајте да ги исфрлиме. Тоа е добро и за нив и за нас.
Роберт Халвер, брокер на германската берза.

Ова е атмосферата од меѓународниот автомобилски саем во Франкфурт каде што Мерцедес Бенц го претстави новиот концепт автомобил на хидрогенски погон. Германските компании како Мерцедес го водат развојот на новите техонологии, помагајќи и на економијата да опстане во ова време на глобална рецесија. Но, успехот е проследен и со голем товар за Германија чиј лидер Ангела Меркел наскоро ќе треба да реши дали ќе го предводи патот кон посилна фискална интеграција на Европската унија потресена од должничката криза во Грција.

Дитер Цетче, претседател на Дајмлер вели дека оваа криза му се заканува на германскиот економски бум.
x


„Гледаме облаци на небото поради странскиот долг што ги зголемува тензиите на финансиските пазари. Се надеваме дека политичарите конечно можат да испратат сигнали на доверба и да донесат одлуки за да одговорат на предизвиците.“

Ваквите стравувања доведоа до пад на европските берзи, како и до повици за повторно преиспитување на европската интеграција и до барања Грција да се откаже од еврото.

„Претпоставувам дека реалноста осамнува во Берлин, дури и за владејачката коалиција, дека Грција веќе не може да биде членка на еврозоната. Затоа дајте да ги исфрлиме. Тоа е добро и за нив и за нас“, вели Роберт Халвер, брокер на германската берза.
Се надеваме дека политичарите конечно можат да испратат сигнали на доверба и да донесат одлуки за да одговорат на предизвиците.
Дитер Цетче, претседател на Дајмлер.

За разлика од него, канцеларката Ангела Меркел побара поцврста поврзаност на 17 членки на еврозоната со цел да одбегнат неконтролирана несолвентност.

„Тоа нема да ја погоди само Грција“, изјави Меркел, додавајќи дека во опсасност ќе бидат и другите земји.

Многумина стравуваат дека доколку Грција се откаже од еврото, тоа ќе го следат и други со што му се нанесува сериозен удар на повеќедеценискиот проект за европска интеграција.
x


Има и такви кои веруваат дека Меркел не сака да донесе одлука поради тоа што нејзината партија доживеа пораз на клучните регионални избори оваа година. Некои влијателни членови на Демохристијанската унија се противат на меркелината отвореност за подлабока политичка и фискална поврзаност. Клучниот испит ќе дојде во наредните недели кога во Бундестагот ќе се гласа за ратификување на мерките договорени во јули за зголемување на фондот на европскиот пакет за финансиска стабилност.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG