Достапни линкови

Месните заедници постојат формално


Општинската зграда во Дебар
Општинската зграда во Дебар

Месните заедници во општина Дебар се формирани, но тие постојат само формално бидејќи немаат активности.

Како во градот така и во селата, одговорните на овие локални тела велат дека со нивниете законски ингеренции тие и не можат да функционираат како порано, бидејќи немаат ниту жиро сметки. Осман Машкули повеќе од
Ниту една месна заедница во нашата општина нема простории каде би одржувала средби со населението. Клучен проблем на МЗ е и немањето на финансиски средства.
три декади е прва личност во месната заедница, втори реон во Дебар. Тој и денеска е актуелен претседател на истата. Според него, ваквата состојба на месните заедници кои сега се нарекуваат и урбани и рурални одбори е многу неповолна и МЗ како такви не можат да излезат во пресрет на на потребите на локалното население.

„Во општина Дебар има 11 месни заедници од кои четирите поголеми се во градот, додека другите се во селата Могорче, Горно Косоврасти, Долно Косоврасти, Отишани, Џепишта и други села. Месните заедници сега ја немаат потребната ингеренција да за можат да функционираат како што треба, ниту една месна заедница во нашата општина нема простории каде би одржувала средби со населението. Клучен проблем на месните заедници е и немањето на финансиски средства“, вели Машкули.

Тој објаснува дека граѓаните најмногу од месните заедници бараат решавање на проблеми од сферата на инфраструктурата во улиците каде живеат и тоа посебно одржување на хигиената, водоснабдувањето и друго.
Законски се даваат регулативи за соработката на месните заедници. Но, таа соработка во општина Дебар е на ниско ниво.
Според него, и меѓу самите месни заедници ја нема потребната соработка.

„Законски се даваат регулативи за соработката на месните заедници. Но, таа соработка во општина Дебар е на ниско ниво. Главна причина е непостоењето на Кординативно тело, како што порано беше општинскиот одбор на МЗ. Без соработка нема можност и за кординирање на активностите на месниете заедници како во градот така и во селскиете населби“, вели Машкули.

Претставниците на месните заедници велат дека тие имаат слаба соработка и со локалната власт. Контакти со градоначалникот, но и претставниците на Советот на општината имаат, но тие контакти се само во насока на лобирање кај населението за вложување на заеднички средства на општината и населението за проекти во инфраструктурата. Особено кога се асфалтираат или, пак, се поставува бехатон плочки на улиците во населбите. Тие додаваат дека сепак одлучувањето на месната заедница изостанува.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG