Во рамките на владиниот проект „Старите касарни за нов развој - влада граѓани“, Владата на Македонија, преку Министерството за одбрана го предаде во владение објектот на поранешната касарна во Дебар на локалната самоуправа. Изминатите месеци градоначалникот на Дебар и Советот на општината го усвоија и Деталниот урбанистички план со кој поранешната касарна се предвидува да има две функции. Едната е економската зона додека другата образовен центар, каде од оваа академска година ќе се реализираат дисперзираните студии на Тетовскиот и Битолскиот Универзитет.
„Дел од објектите се пренесуваат на локалната самоуправа на Дебар, а за дел од просторот кој се користеше од страна на Министерството за одбрана, тоа се откажува од корисничкото право. Со донесениот ДУП од страна на градоначалникот и Советот на општината се планирани развојните активности на поранешната касарна. Сега останува локалната, во соработка со централната власт, да се најдат инвеститори“, нагласи министерот за одбрана Зоран Коњаноски, по предавањето на одлуките на владата на градоначаникот на Дебар, Аргетим Фида.
За првиот човек на Дебар, во спроведувањето на активностите на локално ниво битна била и поддршката што ја имал од сите политички партии кои имаат советници во општинскиот Совет.
„По едногодишни активности, благодарение на сите политички партии во Советот на општина Дебар, кои едногласно во сите фази ми даваа подршка во развојните програми на Дебар, а тука и реконструкцијата на бившата касарна таа да се претвори во проект за развој на општината.“
Инаку, Фида нагласува дека покрај адаптацијата на објектите за потребите на дисперзираните факултети, се готови и 12 парцели во економски инвестиции во кои со цел да се заштити животната средина ќе се прифатат инвеститори за лесна и прехранбена индустрија. За заменикот премиер Абдулаќим Адеми важна компонента на овој проект е враќањето на иселениците и печалбарите во родниот крај.
„Се надеваме дека и во другите општини ќе се следат овие чекори, а сето тоа говори дека е потребна соработката на локалната и централната власт. Главната цел е трансформацијата на старите касарни. Воедно веруваме дека овие можности ќе влијаат и за инвестирање на печалбарите и иселениците во нивниот роден крај“, истакна Адеми.
Со донесениот ДУП од страна на градоначалникот и Советот на општината се планирани развојните активности на поранешната касарна. Сега останува локалната, во соработка со централната власт, да се најдат
инвеститори.