Достапни линкови

„АРМ мој вистински дом“


Припадници на АРМ
Припадници на АРМ

Преку проектот насловен „АРМ мој вистински дом“, 126 велешани, вработени во Армијата на Република Македонија се обидуваат да го решат своето станбено прашање. Имено Министерството за одбрана започна проект преку кој на своите вработени им нуди купување на стан по поволни услови, чија каматна стапка ќе ја плаќа Министерството.

126 велешани, вработени во АРМ, решавање на своето станбено прашање гледаат преку проектот „АРМ мој вистински дом“. Тие позитивно ги потполниле прелиминарните анкетни листови. Од Министерството за одбрана потврдуваат дека првичната бројка на заинтересирани припадници на армијата за купување на стан е голема. Како една од причините за заинтересираноста се поволните услови кои Министерството им ги понуди на вработените. Државниот секретар во МО, Петар Есмеров, на средбата со заинтересираните
Проектот понатаму продолжува, треба да се пополнат и достават изјавите до Министерството за одбрана од страна на припадниците на АРМ, со цел да се утврди точниот број на станови и да се почне со процедура за јавен тендер за избор на фирма која ќе ја подготви целата потребна документација за овој проект
велешани рече дека ова е исклучителна можност вработените да дојдат до сопствен дом во местото каде што се работат.

„Проектот понатаму продолжува, треба да се пополнат и достават изјавите до Министерството за одбрана од страна на припадниците на АРМ, со цел да се утврди точниот број на станови и да се почне со процедура за јавен тендер за избор на фирма која ќе ја подготви целата потребна документација за овој проект.“

Локацијата на која ќе се градат станбените објекти е веќе позната, а после 21 ќе се знае и колку станбени објекти ќе никнат во горниот дел од касарната Алексо Демниевки Бауман.

„Планираме до крајот на оваа година да се завршат сите административни процедури за финансирање на овој проект, одредување на фирмата која ќе ги гради објектите, одредување на банката која ќе го финансира градењето. Рокот за градба ќе биде утврден со тендерската постапка, и се надеваме дека нема да биде подолг од 18 месеци“, изјави Есмеров.

Право на учество на конкусот има активниот воен и цивилен персонал во служба на АРМ. Оние кои ќе склучат договор за купување на стан ќе треба да уплатат 30 осто од вредноста на станот додека останатите 70 осто ќе ги отплаќаат во наредните 10 години ослободени од каматата која ја субвенционира Министерството.
XS
SM
MD
LG