Односите меѓу Македонија и НАТО имаат светла иднина, оцени командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фитцџералд. Тој се сретна со министерот за одбрана Зоран Коњаноски и со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Министерот за одбрана Коњаноски информира дека со гостите од Неапол разговарале за идните партнерски цели на Македонија и НАТО.
„Разговаравме за идните вложувања на воениот полигон Криволак, како и тоа колку е битно да го имаме тој капацитет, затоа што пред се ние сакаме да имаме обучени и подготвени војници, кои прво ќе можат самите да се заштитат, а потоа да бидат во функција на мисиите каде што ги испраќаме.“
Адмиралот Фитцџералд оценува дека македонската армија одлично напредува.
„Мислам дека ова се отсликува во распоредувањето на воените сили во места во Авганистан, каде што мислам и сметам дека тие извонредно се покажаа.“
Фитцџералд изрази задоволство од професионализмот на македонските војници распоредени во Авганистан.
„И професионализмот на Армијата на Република Македонија во НАТО не помина незабележано, навистина нам ни преставува големо задоволство што тие сили учествуваат заедно со нас.“
Фитцџералд се заблагодари и на македонската подршна и помош на силите на НАТО во Косово.
„Како што знаете ова е еден регуларен коридор за транзит, односно за обезбедување на набавки за нашите сили на КФОР, а исто така претставува транзит за внесување и изнесување на силите.“
На Криволак во моментов заеднички се обучуваат 79 македонски и 43 американски војници кои на крајот на овој или на почетокот на наредниот месец треба да заминат во Авганистан.

И професионализмот на Армијата на Република Македонија во НАТО не помина незабележано, навистина нам ни преставува големо задоволство што тие сили учествуваат заедно со нас