Достапни линкови

Соработка меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт


Началник на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски
Началник на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски

Генералот на Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт, Мајкл Дуби е задоволен од подготвеноста на АРМ и учеството во странските мисии. Армијата на Македонија и Националната гарда Вермонт соработуваат веќе 15 години.

Американскиот генерал Мајкл Дуби е задоволен од подготвеноста на македонската армија, и од нејзиното учество во мисиите во странство. Тој престојува во посета на Македонија и денеска се сретна со началникот на Генералштабот Мирослав Стојановски. Генерал Дуби изјави дека е задоволен од подготвеноста на војниците.
Репутацијата на македонските војници е надалеку позната и документирана за нивната служба во Ирак и во Авганистан. Во Авганистан тие ќе треба да изведуваат различни мисии, но нивната обука ги става на нависокото ниво за извршување на овие мисии


,,Репутацијата на македонските војници е надалеку позната и документирана за нивната служба во Ирак и во Авганистан. Во Авганистан тие ќе треба да изведуваат различни мисии, но нивната обука ги става на нависокото ниво за извршување на овие мисии."

Началникот на Генералштабот, на АРМ, Мирослав Стојановски вели дека соработката со Националната гарда е значајна не само за армијата, туку уште поголемо е значењето што заедничката соработка допринесува за мир во светот.

,,Во духот на нашите напори за стабилизација и развој на Авганистан, сакам да ја изразам цврстата посветеност на АРМ за конкретниот придонес во операцијата ИСАФ, учество исклучително значење за една мала земја како што е Македонија во изградба на една посветла иднина за Авганистан."

Армијата на Македонија и Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт, соработуваат веќе 15 години. Таа соработка ќе биде дополнета и со новиот проект, во кој 79 војници од Македонија ќе бидат во составот на гардата на Вермонт во ИСАФ мисијата во Авганистан. Тие ќе ја обучуваат авганистанската национална армија и националната полиција. За време на 15 годишната соработка се реализирани различни видови на обуки, посети на воени бази, изведување на заеднички вежби заради достигнување на НАТО стандарди во повеќе области. Почнувајќи од 1995 година досега се реализирани преку 200 активности со учество од над 4.000 припадници на Армијата на Македонија и на Министерството за Одбрана. Освен со началникот на ГШ на АРМ, Мирослав Стојановски, американскиот генерал Дуби се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG