Достапни линкови

Медали за македонските војници во Ирак


Потврда за подготвеноста и определбата на Македонија за евратланските интеграции
Потврда за подготвеноста и определбата на Македонија за евратланските интеграции

32-ца војници од Македонија, кои учествувале во мисијата „Слобода за Ирак“ денеска добија одликувања од Армијата на Соединетите држави. Војниците добија медали , заради нивните постигнувања и учеството во полкот за специјални операции.

32-ца војници од Македонија, кои учествувале во мисијата „Слобода за Ирак“ денеска добија одликувања од Армијата на Соединетите држави. Војниците добија медали , заради нивните постигнувања и учеството во полкот за специјални операции. Одликувањата на војниците им ги додели адмирал Вилијам Браун.Адмиралот им се заблагодари на војниците за нивниот придонес во мисијата:

Овие операции во странство му ги покажуваат на светот капацитетите, подготвеноста и определбата на Македонија за евроатланска интеграција

,,Овие операции во странство му ги покажуваат на светот капацитетите, подготвеноста и определбата на Македонија за евроатланската интеграција. Поблизу до дома Македонија е клучен член на Јадранската група и ќе игра важна улога во проширувањето на програмата во регионот. Македонија продолжува да биде регионален лидер во промовирање на балканскиот мир и стабилност“

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски изјави дека со учество во мисијата „Слобода за Ирак“, Македонија покажала дека е спремна да биде дел од големата коалиција против глобалниот тероризам.

„Со нашиот придонес ние функционираме како да сме веќе земја членка на НАТО. И затоа, ние не бараме да бидеме наградени. Ние бараме само правилно да бидеме вреднувани“.

Во име на американскиот народ, и во име на амбасадата на САД во Македонија, на војниците им честита заменик амбасадорот, Томас Навратил.

„Вашите дејствија во Ирак директно придонесоа за достигнувањата на нашата коалиција во создавање и успешно остварување на ирачката влада и граѓанско општество. Влада, која се повеќе е способна да управува со своите одговорности, со свои сопствени членови и едно општество во кое луѓето можат да чувствуваат се поголема доверба во својата безбедност и во својата иднина“

Армијата на Соединетите држави и порано им доделувала медали на војници за учество во мисии во странство. Македонија пред една година го заврши учеството во мисијата „Слобода за Ирак“, сега АРМ, има војници во Авганистан , во мисијата Алтеа во Босна и во мисијата во Либан.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG