Учеството на македонските војници во мисиите во странство, ќе и го зголеми рејтингот на Mакедонија во НАТО. Земјата сега учествува во мисиите во Авганиста, во мисијата на балканот Алтеа , а има искуство и со испракање на војници во Ирак и во Либан. Македонија првиот придонес во некоја мисија во странство го започна во 2002-та во рамките на мисјата ИСАФ во Авганистан. А, од наредната година го прошири своето учество и во мисијата „Слобода за Ирак“. За време од 5 години колку што траеше мисијата во Ирак, учествуваа близу 500 војници.
Денеска војниците кои учествувале во полкот за специјални операции во Ирак добија одликувања од Армијата на Соединетите држави. Во името на САД, одликувањата на војниците ги врачи адмирал Вилијам Браун. Одликувања добија 32 војници кои успешно ги извршиле задачите во рамки на мисијата „Слобода за Ирак“.
Во Авганистан, пак АРМ, од почетокот на мисијата па досега има испратено повеќе од 1000 војници. Таму сега има повеќе од 100 , а неодамна министерот за одбрана Зоран Коњановски најави дека ќе испрати дополнителни 80 војници. Тие првин поминаа обука во САД, сега имаат обуки тука, а е предвидено во февруари наредната годдина за заминат во Авганистан
Поранешниот амбасадор на македониај во НАТО, Нано Ружин вели дека учеството на наши војници во мисии во странство ќе и го зголеми рејтингот на Mакедонијa на сите ниво во алијансата:
,,Го зајакнува сојузништвото со членките на Алијансата, но исто така треба да знаеме дека во Авганистан има и други држави коишто се партнери или кои што имаат амбиции да влезат во НАТО. Во секој случај, тоа е добар потег“.
Трошоците за испраќањето на дополнителниот број на војници во Авганистан се на товар на Министерството за Одбрана и се проценети на околу 150 милиони денари .