Во полицијата и армијата лесно се вработуваат нови кадри и нивната проверка е сведена на минумум. Затоа има случаи кога некои нивни припадници извршуваат кривични дела, велат експертите. Од Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи велат дека сите вработени треба да исполнуваат одредени критериуми. Двајца гардисти на АРМ во изминатава недела беа уапсени. Едниот е осомничен за убиство, а другиот за грабеж на банка. Двајца полицајци заработија кривични пријави поради злоупотреба на службената положба и овластување. Тие во 15 собраќајни незгоди на сторителите не им поднеле соодветни пријави за да не бидат законски казнети. Партизацијата при вработување во полицијата и армијата е најголемиот виновник за појавата на вакви случаи вели професорот Владимир Пивоваров.
„Таму влегуваат личности со партиска припадност, неедуцирани, непрофесионалци, и апсолутно немаат никакви морални квалификации и способности таквите работи да ги извршуват пред се чесно, а потоа и квалитетно и професионално.“ вели Пивоваров
Секое лице кое сака да биде дел од армијата на Македонија мора да ги исполнува условите пропишани со Законот за служба во армијата и правилникот за прием во неа, како што е случајот со двајцата уапсени гардисти вели потпаролот на министерството за одбрана Сашко Димов.
„И двајцата припадници на АРМ во моментот кога пристапиле во АРМ ги исполнувале сите услови предвидени и во законот и во правилникот и дополнително на тоа имаат во моментот на пристапување во АРМ од Основен надлежен суд уверение за неосудуваност.“ вели Димов
Министерството за внатрешни работи за зачувување на угледот на полицијата воведе строги и редовни контроли при работењето така што секоја злоупотреба на должноста, како и несовесно и несоодветно постапување, доведува до санкции, вели потпаролот на министерството Иво Котевски. Без разлика дали се работи за дисциплинска постапка која се покренува во рамки на министерството или за кривична постапка која се покренува во надлежните органи вели тој.
„Секој вработен во МВР одговара соодветно за своите постапки и согласно постапките истиот или е наградуван или казнуван.“ вели Котевски
Таму влегуваат личности со партиска припадност, неедуцирани, непрофесионалци, и апсолутно немаат никакви морални квалификации и способности таквите работи да ги извршуват пред се чесно, а потоа и квалитетно и професионално.
„Таму влегуваат личности со партиска припадност, неедуцирани, непрофесионалци, и апсолутно немаат никакви морални квалификации и способности таквите работи да ги извршуват пред се чесно, а потоа и квалитетно и професионално.“ вели Пивоваров
Секое лице кое сака да биде дел од армијата на Македонија мора да ги исполнува условите пропишани со Законот за служба во армијата и правилникот за прием во неа, како што е случајот со двајцата уапсени гардисти вели потпаролот на министерството за одбрана Сашко Димов.
И двајцата припадници на АРМ во моментот кога пристапиле во АРМ ги исполнувале сите услови предвидени и во законот и во правилникот и дополнително на тоа имаат во моментот на пристапување во АРМ од Основен надлежен суд уверение за неосудуваност