Отказни решенија се издаваат преку ноќ, медиуми тврдат дека преку спогодба отпуштиле работници, а свежо невработените го тврдат спротивното. Покрај овие настани, пропратени со стечајот на првата приватна национална телевизија во земјава, последен потрес во македонската
медиумска сфера беше отказот за претседателот на независниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис. Спротивно на тврдењата на нејзиниот работодавач, таа тврди дека не потпишала спогодба за напуштање на работа. Законот е јасен, вели правникот Драге Јовановски:
„Синдикалниот лидер не може да биде отпуштен поради тоа што тој има имунитет и тоа добиен по законски пат, единствено може да биде отпуштен доколку синдикалната организација се согласи со тоа.“
Отказите за синдикалниот претставник и првиот човек на новинарскиот синдикат во Алсат-М ТВ, кој се правдаа со наводно потпишани спогобени откази, го покреваат прашањето што може било кој работник да превземе доколку се најде во ваква ситуација. Се оди на суд, објаснува Јовановски:
„Од она што го знаеме ние никој не е луд да потпише спогодбен престанок на работен однос, тоа значи ако си потпишал во тој случај само тогаш немаш право да водиш никаква процедура, бидејќи си се согласил со таа постапка. Друго е прашањето дали под притисок е потпишано или не и дали воопшто е потпишана таква спогодба.“
Дополнително, останува да се види дали во иднина може вакви проблеми да се појават и во други организации, вон медиумската сфера, нешто на кое укажа Чаусидис:
„Ова е сериозниот проблем на работниците, меѓудругото и на медиумските работници. Ова мора да биде сосечено во корен бидејќи го суспендира законот
врз основа на кој ние ги браниме нашите членови.
Ако законот за работни односи не може да се примени, а не може во случај на спогодбен отказ, тогаш ние немаме што и немаме како да ги заштитиме.“
Случувањата во македонските медиуми развиваат дискусии во јавноста за загрозување на слободата на печатот, што го покрева прашањето зошто е тоа битно за обичниот човек кој не работи за телевизија, радио, весник или интернет медиум? Слободните медиуми се разум на здравото општество, објаснува комуникологот Климе Бабунски:
„Нормално дека со оглед на работата што ја вршат медиумите под претпоставка дека ја вршат онака како што треба да ја вршат, тие се од извонредна важност за ако може така да се каже здравиот разум на јавноста и демократијата во едно општество“, вели Бабунски.
Синдикалниот лидер неможе да биде отпуштен поради тоа што тој има имунитет и тоа добиен по законски пат, единствено може да биде отпуштен доколку синдикалната организација се согласи со тоа.
„Синдикалниот лидер не може да биде отпуштен поради тоа што тој има имунитет и тоа добиен по законски пат, единствено може да биде отпуштен доколку синдикалната организација се согласи со тоа.“
Отказите за синдикалниот претставник и првиот човек на новинарскиот синдикат во Алсат-М ТВ, кој се правдаа со наводно потпишани спогобени откази, го покреваат прашањето што може било кој работник да превземе доколку се најде во ваква ситуација. Се оди на суд, објаснува Јовановски:
„Спогодбениот“ отказ го суспендира законот врз основа на кој ние ги браниме нашите членови, вели Тамара Чаусидис.
„Од она што го знаеме ние никој не е луд да потпише спогодбен престанок на работен однос, тоа значи ако си потпишал во тој случај само тогаш немаш право да водиш никаква процедура, бидејќи си се согласил со таа постапка. Друго е прашањето дали под притисок е потпишано или не и дали воопшто е потпишана таква спогодба.“
Дополнително, останува да се види дали во иднина може вакви проблеми да се појават и во други организации, вон медиумската сфера, нешто на кое укажа Чаусидис:
„Ова е сериозниот проблем на работниците, меѓудругото и на медиумските работници. Ова мора да биде сосечено во корен бидејќи го суспендира законот
Од она што го знаеме ние, никој не е луд да потпише спогодбен престанок на работен однос, тоа значи ако си потпишал во тој случај само тогаш немаш право да водиш никаква процедура.