САД, со внимателна селекција на офанзивни, дефанзивни и дипломатски орудија ќе ја таргетираат Ал Каеда, ќе се справуваат со заканата од домашниот растечки екстремизам и ќе се обезбедат терористите да не профитираат од немирите на Блискиот Исток.
Новата американска стратегија се случува на 10-годишнината од борбата против тероризмот започната од поранешниот претседател Џорџ Буш, по смртоносните напади врза САД на 11 Септември 2001. Советникот на претседателот Обама за контратероризам, Џон Бренан, изјави дека станува збор за прагматичен а не идеолошки пристап.
„Водени од оваа стратегија која ја објавуваме денеска ние никогаш нема да ги намалиме напорите за заштита на Американците. Јасно и прецизно го дефинираме непријателот и го користиме секое орудие што ни е на располагање. Ќе продолжиме во таа насока да правиме силно партнерство во светот и да градиме култура на отпорот дома.“
Бренан додаде дека убиството на Осама бин Ладен и на неколку други лидери на Ал Каеда води кон откривање на целото раководство во следните години. Тој рече дека информациите добиени во штабот каде што беше убиен бин Ладен укажуваат на слабостите на Ал Каеда и на стравовите на Осама дека неговата терористичка организација ја губи битката за освојување на срцата на младите.
Во новата стартегија против Ал Каеда и инспирациите од заканата за домашен екстремизам се наведува и случајот на Фаисал Шахзад, пакистански – Американец кој имаше намера да крене во воздух возило на Тајмс Сквер во Њујорк.
Белата Куќа исто така ги таргетира и промените на Блискиот Исток и Северна Африка и заканата дека терористите би можеле да го искористат вакумот на власта. Советникот на претседателот Обама за контратероризам, Џон Бренан, вели:
„Точно е дека овие промени можат да донесат нов предизвик и несигурност на краток рок, како што е во Јемен. Точно е дека терористички организации и држави сакаат тоа да го искористат. Затоа ние ќе работиме со партнерите, овие насилни фактори да не успеат.“
Според Бренан, во таа битка клучниот збор ќе го има дипломатијата.

Јасно и прецизно го дефинираме непријателот и го користиме секое орудие кое ни е на
располагање.