Достапни линкови

Револуција преку социјалните мрежи во Белорусија


Демонстрант аплаудира на протестот во Минск на 24 јуни 2011.
Демонстрант аплаудира на протестот во Минск на 24 јуни 2011.

Илјадници луѓе ракоплескаат за време на протестите во повеќе градови низ силно контролираната Белорусија. Аплаузот е за нив, ракоплескат за себе си, за надминатиот страв од полицијата, од апсењето и тепањето.

Ова не беа протести, како оние во декември по реизброт на Александар Лукашенко за претседател, кога протестираше опозицијата. Овој пат демонстрантите велат дека се само обични граѓани кои излегле на главните плоштади во нивните градови. Организирани преку Фејсбук и
Дојдовме тука намерно да протестираме против овој систем. Време е нашите луѓе да ја разбираат потребата за промена.
Твитер, протестираат против Лукашенко, кој ја злоупотребува сериозната економска криза.

„Дојдовме тука намерно, да протестираме против овој систем. Време е нашите луѓе да ја разбираат потребата за промена“, изјави еден демонстрант во Минск.

Белорусија се наоѓа во тешка економска криза, домашната валута изгуби повеќе од половина од својата вредност. Тоа натера млади активисти преку Фејсбук и Твитер да ги повикуваат луѓето да излезат на улиците. Во текот на изминатиот месец, бројот на демонстрантите се зголеми на околу 10 илјади луѓе.

Иако, можеби активистите мислеа дека не преставуваат вистински предизвик за Владата, властите сепак ги сфатија многу сериозно. Тајната полиција, која се уште се нарекува КГБ, е насочена против организаторите на протестот. Тие се обиделе да добијат информации за нив од популарниот сајт за социјално вмрежување „V Kontakte“. По апсењето на администраторот на сајтот, го принудиле да ги предаде лозинките на корисниците.

Протести во Минск на 22 јуни 2011.

Некои сајтови, пак се хакирани, а полицијата преку Твитер испраќа пораки луѓето да си останат дома, да не излегуваат на протести.
За време на последниот протест одржан на 22 јуни, полицијата во центарот на Минск уапси околу 200 луѓе. Меѓу нив беше и дописникот на Радио Слободна Европа Алех Хрузџилович. Тој опишува како изгледало приведувањето.
Кога се спротивставив, четворица полицајци ме однесоа, ме фатија за раце и нозе и ме влечеа до комбето. Јас постојано врескав за помош, велев дека сум новинар, но тие не ме послушаа.

„Кога се спротивставив, четворица полицајци ме однесоа, ме фатија за раце и нозе и ме влечеа до комбето. Јас постојано врескав за помош, велев дека сум новинар, но тие не ме послушаа“, објаснува дописникот на РСЕ.

Иако, политичарите имаат многу малку врска со протестите, на 23 јуни Лукашенко ја обвини опозицијата дека искористува млади демонстранти за своите планови да го собори.

Светлана Калинкина, уредничка на весникот „Народнаја волја“, вели дека ситуацијата би можела да прерасне во „нешто многу поголемо“.

Протести во Минск на 22 јуни 2011.

„Тие се обидуваат да ја уништат секоја искра на протест, затоа што тлее потенцијал да дојде до „експлозија“ и во фабриките, образовните институции, и на други места“, вели Калинкина.

Економска криза е најголемит предизвик со кој се соочува Лукашенко во своето 17-годишно владеење. Изолираната Белорусија доби санкции од ЕУ. Потоа Меѓународниот монетарен фонд даде ладен туш на барањето од Лукашенко за 8 милијарди долари за спас на земјата. ММФ побара Минск да излезе со сериозен план за реформа. Од регионалниот економски фонд, предводен од Русија, земјата доби само 800 милиони долари. Белорусија се согласи да го продаде преостанатиот дел од својата нафтена компанија на Русија, која веќе поседува 50 проценти од Белтрансгас. Лидерите на опозицијата предупердуваат дека земајта ќе стане вазалска држава на Русија.

Некои се надеваат дека кризата, поради таквите очајни потези ќе предизвика будење во земјата во стилот на арапската револуција. Иако, некои коментираат дека протестите се се уште мали, сепак активистите се недеваат дека на новите демонстрации следните недели, ќе излезат повеќе луѓе.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG