Европските дипломати воопшто не ја спомнаа ваквата евентуална промена кога минатата недела се состанаа со претставниците на шест постсоветски држави кои ја сочинуваат таканаречената заедница на Источното партнерство. Наместо тоа, функционерите од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија, Украина и Белорусија беа уверени дека источното соседство на Европската унија останува главен приоритет за Брисел.
Но, овие земји со изнендаување и лутина реагираа на веста од понеделникот, дека Унијата има намера да ги укине двете нејзини клучни позиции во регионот, специјални претставници за Молдавија и за Јужен Кавказ, Калман Мицеи и Петар Семнеби. Таквиотпотег би значел намалување на присуството на Унијата во регионот за кој се смета дека е политички нестабилен и ранлив од притаеното руско влијание. Илијан Фрунташ, советник на молдавскиот премиер Влад Филат, оценува дека е загрижен за тоа што ваквиот потег може да значи за напредокот на Молдавија кон евроинтергациите.
„Околностите, мислам, не беа најдобри за работата на Калман Mицеи. Но, мислам дека оваа функција не треба да биде укината само затоа што Кетрин Ештон сака да ја поедностави структурата на дипломатска служба во Унијата. Мислам дека висок претставник назначен од Европскиот совет покажува дека Молдавија, Грузија, и другите земји во регионот се приоритет за Брисел.“
Овој потег, кој важи и за другите 11 специјални претставници на Европската унија беше образложен како обид за подобро функционирање на европскиот дипломатски кор. Но, во писмото со кое се обелоденуваат плановите, министерката Ештон, на пример, укажува дека Унијата треба да ги крати позициите на географски одалечените места. Но, Молдавија и јужниот Кавказ се многу поблиску од Централна Азија или од регионот на Големите Езера во Африка каде што Унијата ги задржува своите специјални претставници.
Во писмото се сугерира дека Унијата треба да ги задржи само оние што ги смета како најважни, што од своја страна е алармантен повик за будење во постсоветските земји. Веста за предложените промени дојде за време на самитот меѓу Европската унија и Русија во Ростов на Дон на кој се гледа како на затоплување на односите меѓу Москва и Брисел. Според планот на Ештон, актуелната позиција на претставникот за Молдавија ќе биде споена со онаа на претставникот на Европската комисија, а повлекувањето на претставникот од Ерменија, Азербејџан и Грузија би значело и крај на обединетиот пристап на Унијата за Јужен Кавказ. Според Темур Јакобашвили, државниот министер за реинтеграција на Грузија, ваквата промена ќе има негативен ефект врз решавањето на конфликтите во регионот.
„Не е најважно како новата функција ќе се нарекува. Мислам дека е важно таа да биде за целиот регион на Кавказот. Конфликтите тука не исчезнаа. Во случајот со Грузија тоа е ушто полошо, ние се соочуваме со окупација. Затоа е важно прашањето како овие функции ќе бидат дистрибуирани.“
Новиот европски потег, според него, ќе биде поволен за Москва која, како што вели, ги користи регионалните ривалства за дестабилизација на оваа стратегиски важна област.
Но, овие земји со изнендаување и лутина реагираа на веста од понеделникот, дека Унијата има намера да ги укине двете нејзини клучни позиции во регионот, специјални претставници за Молдавија и за Јужен Кавказ, Калман Мицеи и Петар Семнеби. Таквиот
Околностите, мислам, не беа најдобри за работата на Калман Mицеи. Но, мислам дека оваа функција не треба да биде укината само затоа што Кетрин Ештон сака да ја поедностави структурата на дипломатска служба во Унијата. Мислам дека висок претставник назначен од Европскиот совет покажува дека Молдавија, Грузија, и другите земји во регионот се приоритет за Брисел.
„Околностите, мислам, не беа најдобри за работата на Калман Mицеи. Но, мислам дека оваа функција не треба да биде укината само затоа што Кетрин Ештон сака да ја поедностави структурата на дипломатска служба во Унијата. Мислам дека висок претставник назначен од Европскиот совет покажува дека Молдавија, Грузија, и другите земји во регионот се приоритет за Брисел.“
Овој потег, кој важи и за другите 11 специјални претставници на Европската унија беше образложен како обид за подобро функционирање на европскиот дипломатски кор. Но, во писмото со кое се обелоденуваат плановите, министерката Ештон, на пример, укажува дека Унијата треба да ги крати позициите на географски одалечените места. Но, Молдавија и јужниот Кавказ се многу поблиску од Централна Азија или од регионот на Големите Езера во Африка каде што Унијата ги задржува своите специјални претставници.
Во писмото се сугерира дека Унијата треба да ги задржи само оние што ги смета како најважни, што од своја страна е алармантен повик за будење во постсоветските земји. Веста за предложените промени дојде за време на самитот меѓу Европската унија и Русија во Ростов на Дон на кој се гледа како на затоплување на односите меѓу Москва и Брисел. Според планот на Ештон, актуелната позиција на претставникот за Молдавија ќе биде споена со онаа на претставникот на Европската комисија, а повлекувањето на претставникот од Ерменија, Азербејџан и Грузија би значело и крај на обединетиот пристап на Унијата за Јужен Кавказ. Според Темур Јакобашвили, државниот министер за реинтеграција на Грузија, ваквата промена ќе има негативен ефект врз решавањето на конфликтите во регионот.
Не е најважно како новата функција ке се нарекува туку да биде за целиот Кавказ.