Достапни линкови

Со музика против полициската бруталност


Младите со музика се одлучија да се спротивстават на полициската бруталност
Младите со музика се одлучија да се спротивстават на полициската бруталност

Под мотото „Градот се бунтува“, беше одржан концерт против полициската бруталност кај спомен куќата на Мајка Тереза.

По двонеделните протести иницирани од смртта на Мартин Нешкоски учесниците се решија на еден друг начин да го искажат својот глас и да ја пренесат својата порака. Еден од учесниците Кирил Ефремовски вели дека организирањето на концертот не е прослава, туку тие длабоко
Да слушнат што повеќе луѓе и оние кои формално не поддржуваат, но не се присутни тука, да излезат и истиот протестен марш да го поддржат.

соочуствуваат со сите кои страдале кога нивните најблиски биле подложени на полициска бруталност. Случајот со Нешкоски ја прелеа чашата и концертот значи повикување на масовност и изразување на револт.

„Таа е пораката, да слушнат што повеќе луѓе и оние кои формално не поддржуваат, но не се присутни тука, да излезат и истиот протестен марш да го поддржат.“


За време на концерот се потпишуваше и петиција за поддршка на барањата на демонстрантите. Тие бараат целосно расчистување на убиството, откривање на сите ученици во настанот и оставка на
одговорните лица во МВР за нечовечното и неодговорното вршење на фунцијата. Петар Стојковиќ вели дека има заинтересираност кај граѓаните за нејзино потпишување.
Да ги поддржиме младите во нивната доблест јавно да кажат што мислат.

„Според информациите што ги добив има неколку луѓе кои што на повеќе пунктови собираат потписи од граѓаните. Бројката засега е околу 4 000 собрани потписи и таа секој ден се повеќе и повеќе расте.“

Поддршка не изостана и од повозрасните граѓани.

„Да ги поддржиме младите во нивната доблест јавно да кажат што мислат.“

„Да ставиме крај на ова насилие.“

„За иднината на сите деца.“

Протест против полициска бруталност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00
Директен линк


Демонстрантите носеа и хартиени црвени кругови околу вратот, кои според Ефремовски, се поради етикетите во јавноста дека се политички мотивирани.

„Бидејќи бевме прозвани дека сме припадници на некоја партија или организација и бевме заокружени јавно, тие сами се заокружуваме јавно и велиме дека ние сме тие, меѓутоа ние сме тука со име и презиме и не припаѓаме на ниту еден табор, организација или странска институција.“

По концертот протестот продолжи со марш пред Владата, Обвинителството и Собранието.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG