Карактеристично за овие предвремени избори е дека ќе има голем број набљудувачи кои ќе го надгледуваат процесот. Пошироко присуство за набљудување на изборите претходно побара и најголемата опозициска партија која е незадоволна од тоа што на избори се оди без консензус на власта и опозицијата. Во однос на изборните правила, пак, од Граѓанската асоцијација МОСТ потенцираат дека најбитно е законите да се имлементираат, изјави Дарко Алексов во интервјуто на Слободна Европа што ќе се емитува во недела:
„И најдобро напишаниот закон, ако не се имплементира адекватно, не чини. Тоа е обврска на сите актери, без разлика дали се работи за учесници кои ја бараат довербата на граѓаните или институции кои што го спроведуваат тој процес.“
Дел од асоцијациите што ќе ги набљудуваат изборите ги потенцираат постоечките политички тензии кои би можеле да доведат до тензична атмосфера. Како негативно се оценува дека се што се случуваше од моментот кога партиите почнаа да повикуваат на избори па до сега. Впечатливо е дека има нетолерантност меѓу политичките субјекти, потенцира Џабир Дерала:
„Сметам дека тонот на политичката кампања во наредните денови само ќе се заострува, а се плашам дека кршењето на изборни штабови ќе продолжи.“
Пред официјалниот почеток имаше примери на неколку искршени штабови. Во МОСТ велат дека овие настани имаат изолиран карактер и нагласуваат дека клучно е институциите да имаат ефикасен пристап за да може да имаме мирна кампања до денот на нејзиното официјално почнување:
„Овие настани се од изолиран карактер и многу будно ќе следиме дали МВР ќе ги адресира овие појави и ако веќе ги квалификуваме како инциденти, и во исто време дали ќе ги разреши, се со цел ваквиот ефикасен пристап да ни донесе мирна кампања.“
„Цивил“, на денот на изборите, ќе бидат вклучени со над 200 луѓе од кои 50 ќе бидат акредитирани како набљудувачи. Специфично за нив е дека ги мониторираат активностите на политичките партии. Од МОСТ за набљудување како на целиот изборен процес, така и на денот на гласањето, ангажирани ќе бидат повеќе 3.500 набљудувачи во сите шест изборни единици на целата територија на Македонија.
ОДИХР препорача контингент по приемот на покана, 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни набљудувачи, да се следи кампањата, медиумската покриеност и подготовките за избори, како и процедурите на самиот ден на изборите.
Сметам дека тонот на политичката кампања во наредните денови само ќе се заострува, а се плашам дека кршењето на изборни
штабови
ќе продолжи.
„И најдобро напишаниот закон, ако не се имплементира адекватно, не чини. Тоа е обврска на сите актери, без разлика дали се работи за учесници кои ја бараат довербата на граѓаните или институции кои што го спроведуваат тој процес.“
Дел од асоцијациите што ќе ги набљудуваат изборите ги потенцираат постоечките политички тензии кои би можеле да доведат до тензична атмосфера. Како негативно се оценува дека се што се случуваше од моментот кога партиите почнаа да повикуваат на избори па до сега. Впечатливо е дека има нетолерантност меѓу политичките субјекти, потенцира Џабир Дерала:
„Сметам дека тонот на политичката кампања во наредните денови само ќе се заострува, а се плашам дека кршењето на изборни штабови ќе продолжи.“
Овие настани се од изолиран карактер и многу будно ќе следиме дали МВР ќе ги адресира овие појави и ако веќе ги квалификуваме како инциденти, и во исто време дали ќе ги разреши, се со цел ваквиот ефикасен пристап да ни донесе мирна кампања.