Достапни линкови

Партиите ги заборавија граѓаните


Весниците преполни со негативни кампањи во која политичките партии меѓусебно се оцрнуваат
Весниците преполни со негативни кампањи во која политичките партии меѓусебно се оцрнуваат

Партиите влегоа во толку жестокa кампања и меѓусебни пресметки, што целосно заборавија на граѓаните, велат експертите.

Почнаа со „Да не се заборави“ и „Надеж 2“, наспроти „Не градат, туку крадат“. Па на средишните страници на весниците, едните потсетуват на лажните ветувања на Бранко Црвенковски, а другите на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ. Се до последните трепкачки банери на речиси секој интенет портал, каде како платено политичко претставување ВМРО-ДПМНЕ,
Гледаме дека целата таа комуникација која е потреба помеѓу политичките партии и граѓаните сега се одвива само помеѓу политичките партии, а не и со граѓаните кои се оставени настрана за да го гледаат овој политички спектакл кој им го приредуваат политичките
партии.
ексклузивно се најавува директниот пренос од штабот на СДСМ - спот кој порачува дека луѓето од СДСМ се без идеи. Се разбира да не ги прескокнеме и секојдневните прес-конференции, на кои најголемите политички партии се оцрнуваат и обвинуваат меѓусебно.

Официјално, кампањата уште не почната, а политичките опоненти закрвено се борат да објаснат кој е поголем криминалец.
Партиите се влезени во негативна преткампања, затоа што се политички импотентни и немаат храброст да покренат дискусија за важните прашања. Затоа меѓусебно се оцрнуваат пред граѓаните, вели политичкиот аналитичар Артан Садику. Тој вели дека политичарите никако да научат како да се однесуваат за време на избори.

Негативна кампања на ЛДП против СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие на некој начин ја имаат киднапирано политичката сцена и на некој начин се трудат да ги научат граѓаните како треба да гласаат, значи тие никогаш не се поставиле себе си во позиција на ученик за да сфатат од претходните избори и да поминеме на едно повисоко ниво на политичка култура. Гледаме дека целата таа комуникација која е потреба помеѓу политичките партии и граѓаните сега се одвива само помеѓу политичките
За жал се плашам дека ќе се повтори она што беше во претходниот период дека ниту ќе видиме, ниту ќе слушнеме конкретна политичка програма, конкретен политички концепт.
партии, а не и со граѓаните кои се оставени настрана за да го гледаат овој политички спектакл кој им го приредуваат политичките партии.“

Политичките конкуренти, прераснаа во табори кои се мразат меѓу себе, а таа политичка омраза ќе продолжи и за време на официјалната кампања, вели комуникологот Весна Шопар.

„Таа негативна кампања е веќе започната преку медиумите ги гледаме спотовите, за жал се плашам дека ќе се повтори она што беше во претходниот период дека ниту ќе видиме, ниту ќе слушнеме конкретна политичка програма, конкретен политички концепт.“

Предизборната кампања официјално почнува на 15 мај. Политичкото рекламирање пред овој рок е забрането и се казнува.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG