Бранко Црвенковски прифати избори во истиот ден кога се објави аферата Надеж 2. Бранко Црвенковски сака да си обезбеди пратенички имунитет. Со реклама на две страници во весниците, ВМРО-ДПМНЕ ја почна битката пред изборната кампања против СДСМ и првиот човек на партијата. Со цел „Да не се заборави“, испишани се видувањата на владејачката партија за тоа што Црвенковски направил од независноста на земјава па се до 1994 година, а се навестува и продолжение за неговите чекори и во понатамошниот период.
Професор Здравко Савески вели дека персонализацијата на непријателот е новитет во македонската политика, која негативно се одразува врз демократијата.
„Политичкиот противник, опонентот мора да се набљудува како политички противник, а никако како непријател. Перцепцијата и наметнувањето на перцепција дека се работи за непријател е надвор од демократските стандарди, така што не би требало тоа да се прави ако се има предвид, ако се работи за една демократска партија на која и се важни демократските традиции и вредности.“
Политичкиот аналитичар Назми Малиќи вели дека ВМРО-ДПМНЕ на погрешен начин ја сфаќа политичката пропаганда и платформа пред изборите.
„Со ваквите настапи, со ваквите реклами, со ваквото инвестирање во кампањи како ВМРО-ДПМНЕ да го промени просторот, како повеќе да помина во опозициона партија затоа што тие пред граѓаните треба да бидат појасни и покоректни и да известат што тие инвестирале во изминативе пет години.“
Според Савески, мотивацијата на политичките партии кои се занимаваат повеќе со противникот, отколку што има таа да понуди е да ги привлечат оние граѓани кои наместо за гласаат против некоја партија на изборите.
„Да го канализира незадоволството кон другата партија за гласање за мојата партија, но тоа е нездрав процес кој е за осуда, но она што за жал во Македонија се случува е тоа дека партиите се повеќе и повеќе се одлучуваат на такви чекори.“
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија на изборите ќе бира меѓу нивните реформи, работливост, реформи и чесност и посветеност наспроти корупцијата, убиствата, транзицијата, предавствата и криминалот на опозицијата.
Опонентот мора да се набљудува како политички противник, а никако како
непријател.