Иако официјалната изборна кампања се уште не почнала, македонската јавност деновиве е сведок на интензивни партиски препукувања и меѓусебни обвинувања. Отворање на една афера, проследена со друга- контраафера, партиски пресконференции, со реакции и надмудрувања од партиските штабови.
Дневниот печат почнаа да го полнат страници на кои се испишани сомневања за наводни малверзации од страна на ВМРО-ДПМНЕ или пак СДСМ. Ваквата фактичка состојба, за аналитичарите е само сигнал за валканата кампања на политичките субјекти која допрва не очекува.
„Јас мислам дека ќе имаме прилично груба кампања. Во реториката и вокабуларот што го користат партиите покажуваат дека не се грижат дали ќе ги кренат тензиите меѓу нивните поддржувачи, а кревањето на тензиите не ретко резултира и со индивидуални конфликти“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
И повторно се отвора прашањето, зошто наводните сомневања за сторен криминал не се процесуираат до надлежните институции? Во некои од партиите велат дека тоа не го прават поради недовербата во правниот систем и, како што потенцираат, непрофесионалното работење на надлежните органи. Муслиу, пак, уверува дека тоа се прави поради потребата на партиите да се идентификуваат со државата.
„Се идентификуваат со институциите и не ретко имаме случаи каде што партиски функционери се идентификуваат со партијата и партијата дава оценки во име на институциите итн.“
Доскорешниот член на Антикорупциската комисија, Ариф Нуса потенцира дека комисијата има обврска да постапува врз основа на слушнат глас во јавноста, но на прашањето зошто најчесто тоа не го прави, одговара:
„Не би рекол дека апсолутно не покренува, но кога ќе слушне такво нешто, ако не е доставено до јавното обвинителство секогаш постапуваме.“
Нуса објаснува дека секој предмет кој ќе биде завршен од страна на комисијата се испраќа до јавното обвинителсто, кое постапката ја процесуира до надлежните судски инстанци.
„Немаме ние надлежност да се појавиме пред суд. Се што правиме, правиме како иницијатива за кривично гонење или за некој друг вид прекршок го испраќаме преку обвинителството.“
Понекогаш, комисијата работи на некој случај, но за тоа не ја информира јавноста се додека не ги собере потребните докази и додека не се докаже дека сомневањата за наводен криминал се основани, објаснува Нуса.
Јас мислам дека ќе имаме прилично груба кампања... Партиите покажуваат дека не се грижат дали ќе ги кренат тензиите меѓу нивните поддржувачи, а тоа неретко резултира и со индивидуални конфликти.
Дневниот печат почнаа да го полнат страници на кои се испишани сомневања за наводни малверзации од страна на ВМРО-ДПМНЕ или пак СДСМ. Ваквата фактичка состојба, за аналитичарите е само сигнал за валканата кампања на политичките субјекти која допрва не очекува.
„Јас мислам дека ќе имаме прилично груба кампања. Во реториката и вокабуларот што го користат партиите покажуваат дека не се грижат дали ќе ги кренат тензиите меѓу нивните поддржувачи, а кревањето на тензиите не ретко резултира и со индивидуални конфликти“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.
Негативна кампања против лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски, нарачана од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
И повторно се отвора прашањето, зошто наводните сомневања за сторен криминал не се процесуираат до надлежните институции? Во некои од партиите велат дека тоа не го прават поради недовербата во правниот систем и, како што потенцираат, непрофесионалното работење на надлежните органи. Муслиу, пак, уверува дека тоа се прави поради потребата на партиите да се идентификуваат со државата.
Не би рекол дека апсолутно не покренува, но кога ќе слушне такво нешто, ако не е доставено до јавното обвинителство
секогаш постапуваме.