Иако медиумите веќе ја почнаа изборната кампања, според упатените, периодот што следи ќе биде период на интензивна масовна комуникација, кој најверојатно ќе предизвика конфузија кај идните гласачи. Состојбата на македонскиот медиумски пазар сликовито ја опишува комуникологот Марко Трошановски:
„Литературата разликува три видови на медиуми за кои користи алегорија за пес - пес што напаѓа, пес што го галите во крилото и пес-чувар. Е сега тоа што владата стана најголем огласувач во медиумите, во дел од нив, со самото тоа ги стави во својот скут да ги гали, но истовремено она што сведочиме сите, ги употребува и за да ги с`ска односно ги употребува за да ги напаѓа останатите конкурентни медиуми барем во сферата на креирање на медиумската агенда.“
Тешко дека тој начин на известување и покривање на изборната кампања би можеле да го санкционирате, вели Трошановски. Доколку постои одредба во законот која се однесува на медиумите, тоа би можело да се протолкува како одреден вид цензура, посочува тој.
„На изборите, покрај тоа што партиите ќе се фалат себе си, покрај тоа што ќе се критикуваат едни со други, и медиумите исто така се предмет на тоа префрлање на тоа взаемно ривалство, но сето тоа е поради она што го дозволија медиумите односно развија еден сервилен, зависнички однос од некои политички центри на моќ.“
Првиот човек на Здружението на новинари, Насер Селмани вели дека новиот изборен законик предвидува доста измени кои се однесуваат на начинот на кој медиумите известуваат. Еве го неговото видување на ситуацијата сомедиумите.
„Ако партиите решат да имаат валкана кампања, ќе ја имаат. Значи, според мене, нема да има сила која ќе ги спречи во тоа, бидејќи целосно ги контролираат и медиумите и ДИК, а веројатно имаат влијание и во Советот за радиодифузија.
За волја на вистината повеќето од колегите се професионалци, меѓутоа валканата работа ја вршат уредниците или поедини новинари кои се вклучуваат во оваа пресметка поради чисто финансиски интереси заборавајќи на новинарската етика.“
Во изминатите неколку дена јавноста е сведок на зачестени напади не само на сметка на политичките лидери од едната или од другата страна, туку и на своевидна медиумска војна. Експертите забележуваат дека медиумите отворено се поделија и дозволија да бидат вовлечени во валканата игра на политичарите и бизнис елитите.
Покрај тоа што партиите ќе се фалат себе си, покрај тоа што ќе се критикуваат едни со други, и медиумите исто така се предмет на тоа префрлање на тоа взаемно ривалство, но сето тоа е поради она што го дозволија медиумите, односно развија еден сервилен, зависнички однос од некои политички центри на моќ.
„Литературата разликува три видови на медиуми за кои користи алегорија за пес - пес што напаѓа, пес што го галите во крилото и пес-чувар. Е сега тоа што владата стана најголем огласувач во медиумите, во дел од нив, со самото тоа ги стави во својот скут да ги гали, но истовремено она што сведочиме сите, ги употребува и за да ги с`ска односно ги употребува за да ги напаѓа останатите конкурентни медиуми барем во сферата на креирање на медиумската агенда.“
Тешко дека тој начин на известување и покривање на изборната кампања би можеле да го санкционирате, вели Трошановски. Доколку постои одредба во законот која се однесува на медиумите, тоа би можело да се протолкува како одреден вид цензура, посочува тој.
„На изборите, покрај тоа што партиите ќе се фалат себе си, покрај тоа што ќе се критикуваат едни со други, и медиумите исто така се предмет на тоа префрлање на тоа взаемно ривалство, но сето тоа е поради она што го дозволија медиумите односно развија еден сервилен, зависнички однос од некои политички центри на моќ.“
Првиот човек на Здружението на новинари, Насер Селмани вели дека новиот изборен законик предвидува доста измени кои се однесуваат на начинот на кој медиумите известуваат. Еве го неговото видување на ситуацијата со
Валканата работа ја вршат уредниците или поедини новинари кои се вклучуваат во оваа пресметка поради чисто финансиски
интереси.