Барање алиби за евентуален лош резултат на изборите или борба за непостоечките гласачи. Вака аналитичарите со кои разговаравме ги толкуваат обвинувањата за насилство и нерегуларности на претстојните предвремени парламентарни избори.
Социјалдемократите обвинуваат дека зад кршењето на нивните предизборни штабови стои владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека вторитеобвинуваат дека СДСМ создава тимови од луѓе со насилно и криминално минато што треба да предизвикаат инциденти на изборите.
Професор Алајдин Демири вели дека тензиите пред изборите се поткреваат затоа што СДСМ сака да им земе на ВМРО-ДПМНЕ дел од, како што вели, непостоечките гласачи.
„Едно е јасно, дека тие 200-300 илјади гласачи од неисчистениот избирачки список, тие постојат и се чини дека СДСМ сака да пробие тука, за да добие дел од „колачот“ од тие списоци. Предноста на ВМРО-ДПМНЕ тука е очигледна. Манипулацијата со тие бројки одлично ја знаат добро двете партии и сметам дека сега се прави притисок тие гласови да се дисперзираат.“
„Не верувам дека преговорaaт, иако може да дојде до тоа. Се прават притисоци, медиумски, андерграунд, кампањски притисоци... тоа е тоа.“
Политикологот Жидас Даскаловски вели дека меѓусебните обвинувања се знак на фрустрација од неизвесноста на изборите.
„Генерално може да се каже дека дури ќе дојдеме во ситуација оваа нервоза да се трансформира во алиби за евентуалните лоши резултати на едните или на другите.“
Демири анализира дека партиите си создаваат атмосфера за да може да ги оспорат изборните резултати во случај да не се задоволни со епилогот.
„Овие обвинувања што се случуваат постојано или од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ или обратно, се една иконографија која на крај може да произведе непризнавање на изборите, со оглед на тоа дека овие вонредни избори се фетишизираат.“
Од друга страна, Даскаловски се сомнева дека некоја од партиите ќе ги оспори изборните резултати. Алибито ќе служи само за да се оправда лошиот изборен резултат на некоја од партиите, вели тој.
„Исходот на овие избори ќе биде помалку извесен од минататите и ќе остави простор за политичко делување на која било партија во опозиција, односно поразот нема да биде таков што ќе ги затвори позициите едни кон други. Ќе има простор за политичко делување и после изборите, обид за создавање на коалиции, односно убедување на некоја коалиција да се распадне, така што не би рекол дека ќе дојде до таа мера да бидат оспорени целите избори.“
Во јавноста се појавија информации дека владејачките партии вршат притисок врз вработените во јавната администрација да достават списоци со по 15 луѓе што ќе гласаат за нив.
Социјалдемократите обвинуваат дека зад кршењето на нивните предизборни штабови стои владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека вторите
Тие 200-300 илјади гласачи од неисчистениот избирачки список, тие постојат и се чини дека СДСМ сака да пробие тука, за да добие дел од „колачот“ од тие списоци. Предноста на ВМРО-ДПМНЕ тука е очигледна.
Професор Алајдин Демири вели дека тензиите пред изборите се поткреваат затоа што СДСМ сака да им земе на ВМРО-ДПМНЕ дел од, како што вели, непостоечките гласачи.
„Едно е јасно, дека тие 200-300 илјади гласачи од неисчистениот избирачки список, тие постојат и се чини дека СДСМ сака да пробие тука, за да добие дел од „колачот“ од тие списоци. Предноста на ВМРО-ДПМНЕ тука е очигледна. Манипулацијата со тие бројки одлично ја знаат добро двете партии и сметам дека сега се прави притисок тие гласови да се дисперзираат.“
Мислите дека тие преговараат?
„Не верувам дека преговорaaт, иако може да дојде до тоа. Се прават притисоци, медиумски, андерграунд, кампањски притисоци... тоа е тоа.“
Партиските меѓусебни обвинувања се барање алиби, но и борба за „непостоечките“ гласачи, велат експертите.
Политикологот Жидас Даскаловски вели дека меѓусебните обвинувања се знак на фрустрација од неизвесноста на изборите.
„Генерално може да се каже дека дури ќе дојдеме во ситуација оваа нервоза да се трансформира во алиби за евентуалните лоши резултати на едните или на другите.“
Демири анализира дека партиите си создаваат атмосфера за да може да ги оспорат изборните резултати во случај да не се задоволни со епилогот.
Генерално може да се каже дека дури ќе дојдеме во ситуација оваа нервоза да се трансформира во алиби за евентуалните лоши резултати на едните или на другите.