Отворена, конструктувна и пријателска. Вака двајцата претседатели на Македонија и на Косово, Ѓорге Иванов и Беџет Пацоли ја опишаа денешната средба. Оваа посета е јасен сигнал за натамошната соработка меѓу двете држави, изјави шефот на државата, Иванов.
„Република Македонија го подржува процесот на развојот и напредокот на сите свои соседи и Република Македонија му посакува натамошен успех на нашиот сосед Република Косово, и ние сме навистина подготвени да ги поддржиме и помагаме сите започнати процеси во Косово согласно нашето искуство и согласно нашите национални интереси.“
Иванов додаде дека Македонија е заинтересирана за соработка со Косово во сите сфери, а во таа насока, демаркацијата на границата со овој сосед била клучна придобивка за обезбедување на стабилност и безбедност во целиот регион.
И гостинот Пацоли беше задоволен од, како што рече, позитивната волја кај неговиот македонски колега за справување со заедничките предизвици. Особено во однос на евроинтеграцискиот процес, Пацоли нагласи дека Косово се соочува со проблеми кои се обидува да ги надмине и во тој контекст искуствата и мислењата на Македонија можат да помогнат.
„Денес исто така тема на разговор беше и тоа Република Македонија да му помогне на Косово во ова патешествие. Ние ја имаме таа среќа што двете сме мултиетнички држави.“
Двајцата претседатели разговарале за меѓусебните односи, за регионалнипрашања, како и за прашања кои се од заеднички интерес за двете земји. Разговарале и за можноста границата да се поминува со лични карти со цел да се овозможи слободен проток на луѓе, стока и капитал.
Во врска со средбата на претседателите од регионот, која годинава ќе се одржи во Охрид, Пацоли предложи истата да биде во поширок формат на кој би требало да присуствуваат и српскиот претседател Тадиќ и грчкиот Папуљас.
Ова е прва официјална посета на косовскиот претседател во Македонија. Комуникациите меѓу претседателот Ѓорѓе Иванов и поранешниот косовски претседател Фатмир Сејдиу заладија откако македонскиот претседател не го повика косовскиот на сопствената инаугурација, а не прифати ниту Сејдиу да допатува во Македонија во официјална посета со таков протокол, се додека не бидат воспоставени дипломатските односи. Денес, Иванов се обиде да објасни дека немало ништо спорно во целата ситуација.
„Па ние ја подготвувавме официјалната посета на претседателот Сејдиу меѓутоа знаете дека дојде до негова оставка и сега таа негова закажана официјална посета од страна на Косово на Македонија, се реализира со претседателот Пацоли“, рече Иванов.
Македонија му посакува натамошен успех на нашиот сосед Република Косово, и ние сме навистина подготвени да ги поддржиме и помагаме сите започнати процеси во Косово
„Република Македонија го подржува процесот на развојот и напредокот на сите свои соседи и Република Македонија му посакува натамошен успех на нашиот сосед Република Косово, и ние сме навистина подготвени да ги поддржиме и помагаме сите започнати процеси во Косово согласно нашето искуство и согласно нашите национални интереси.“
Иванов додаде дека Македонија е заинтересирана за соработка со Косово во сите сфери, а во таа насока, демаркацијата на границата со овој сосед била клучна придобивка за обезбедување на стабилност и безбедност во целиот регион.
И гостинот Пацоли беше задоволен од, како што рече, позитивната волја кај неговиот македонски колега за справување со заедничките предизвици. Особено во однос на евроинтеграцискиот процес, Пацоли нагласи дека Косово се соочува со проблеми кои се обидува да ги надмине и во тој контекст искуствата и мислењата на Македонија можат да помогнат.
„Денес исто така тема на разговор беше и тоа Република Македонија да му помогне на Косово во ова патешествие. Ние ја имаме таа среќа што двете сме мултиетнички држави.“
Двајцата претседатели разговарале за меѓусебните односи, за регионални
Денес исто така тема на разговор беше и тоа Република Македонија да му помогне на Косово во ова патешествие. Ние ја имаме таа среќа што двете сме мултиетнички држави.