Шефот на мисијата на Обединетите Нации на Косово Ламберто Заниер предупреди на влошените односи меѓу мнозинството албанци и малцинството срби на северот на Косово. Заниер зборувајки пред Советот за безбедност рече дека ситуацијата е тензична и дека таа може да ја загрози генерално стабилната состојба во земјата.
„Меѓу етничките односи на северот на Косово од неодамна се влошени и тие се потенцијална закана за стабилноста затоа што во овој период континуирано има инциденти и потребно е итно да се справиме со ова прашање за да не се случи ширење на насилството“.
Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, пак изјави дека Белград нема да ги охрабри србите да учествуваат на престојните избори на Косово.
Вршителот на должност на косовската дипломатија Влора Цитаку пак побара од ОН да ги повикаат србите да излезат и да гласаат.
Амбасадорите на САД, Велика Британија и Франција изрзија жалење поради ставот на Белград во врска со изборите.
Рускиот амбасадор во ОН од своја страна изрази незадоволство од сситуацијата на северот на Косово а намалувањето на бројот на војници на КФОР го оцени како преурането.
Советот за безбедност од своја страна ја истакна важноста на изборите на Косово и го подржа преговарачкиот дијалог меѓу Белград и Приштина.

Потребно е да се справиме со тензиите на северот на Косово со цел да не се случи ширење на насилството ...