Достапни линкови

Расте бројот на сиромашни во Битола


Расте бројот на сиромашни битолчани, а напоредно со тоа и листата на граѓани кои бараат помош од државата и општината.

Најчести се барањата за социјална помош, социјални станови, еднократна парична помош за реконструкција на оштетен дом или лекување од болест итн. Едни од најпогодените од економската криза се повеќедетните, згрижувачките семејства и самохраните родители.

„Сиромашно живеам, мажот ми е болен, ја одгледувам ќерката од синот, нејзина сум старателка. Живееме со 3.000 денари кои ги добиваме од
Живееме со 3000 денари кои ги добиваме од државата за нега на трето лице. Одвај излегуваме на
крај.
државата за нега на трето лице. Одвај излегуваме на крај.“

„Куќата ми падна од силниот ветер кој го зафати градот на втори декември. Побарав помош, но ми ги одбија молбите. Ми велат оди до министерот, до овој до оној.“

„Живееме мизерно во една кујна две на три метра. Тука не можеш ни чинија да измиеш, ни да се свртиш, ни да ручаш, ни да вечераш, а не пак да спиеш. Помош немаме од никаде. Тука ми е четири месеци поднесена молбата за помош, а и во општина ми е поднесена молба. Од никаде помош нема.“

„Имам едно девојче без мајка и татко го гледаме 15 години. Имам и една ќерка глувонема со четири деца, а со 2000 денари живееме. Одам по кантите збирам облека, а земам и леб што го оставаат за да ги прихранам дома. Како
Куќата ми падна од силниот ветер кој го зафати градот на втори декември. Побарав помош, но ми ги одбија молбите. Ми велат оди до министерот, до овој до оној.
можеше да дојде оваа криза не знам“, велат битолчани.

Од Центарот за социјални работи информираат дека ги помагаат сиромашните. Месечно на 2000 лица им се дели социјална помош во износ од 900 до 5000 денари. Неодамна на 23 сиромашни семејства од Битола државата им подели пакети со обувки и облека претходно запленети од Царинската управа.

„При одлучувањето која категорија да биде опфатена со помошта одлучивме тоа да бидат згрижувачките семејства и семејствата кои гледаат деца од
При одлучувањето која категорија да биде опфатена со помошта одлучивме тоа да бидат згрижувачките семејства и семејствата кои гледаат деца од блиски сродници.
блиски сродници. Во Битола правиме напори мрежата на згрижувачки семејства да ја прошириме, но тоа оди бавно. Самохрани мајки кои имаат деца до три годишна возраст, а ги има 167, добиваат постојана парична помош преку Ценатрот за социјална работа“, вели директорката Виолета Гаџовска.

Општината издвојува околу два милиони денари за социјални бенефиции, а државата гради две згради со социјални станови.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG