Немилосрдната судбина им приредила нова животна драма. Преживеале и пожар во кој што целосно е изгорен горниот кат со покуќнината од татковата куќа на Јасмина Ѓукиќ, која со сопругот Живорад и двете малолетни деца ја живее тешката животна приказна, која никако да добие розева страница.
Педесет и пет годишниот Живорад е електро-инженер, а по чин мајор во поранешната ЈНА со 28 години стаж, со преживеани два инфаркта, псоријаза, сколиоза, со постојан стрес, но без право на инвалидска пензија, како што тврди.
„Ме упатуваат на Заводот да се обратам, бидејќи има програми за самовработување. За самовработување се обративме четири-пет пати. Сите пет пати сме одбиени, а двајца сме без работа и со две малолетни деца, така да се издржуваме моментно со социјална помош од 2300 денари.“
Живорад додава дека една деценија откако со семејството се во Кичево, постојано се обраќале до Министерството за одбрана, за труд и социјална политика, за здравство, до Владата со молба да добијат каква и да било работа за да преживеат, да ги прехранат двете малолетни деца.
А, неговата четириесет и двегодишната сопруга Јасмина е медицинска сестра по професија со положен државен испит и работно искуство, но молбите за да добие работа во болницата во родното Кичево, завршиле само со празни ветувања. Вели тропала на секоја врата, барала спас за децата, но попусто.
„Како мајка се мачам моите деца од ден на ден да преживеат, значи колку што можам штедам во исхраната, месам значи во 21 век со брашно, децата да не ми останат гладни. Има и вечери кога моите деца си легнуваат и гладни.“
Како што вели Јасмина нивните молби не сакаат ни роднините да ги чујат, зашто на нивната сиромаштија и нема крај.
„Имаше одредени ситуации кога требаше да се купи униформа, да се плати упис, за во гимназија правам муабет, не за на факултет. Не можев верувајте ни тие уплатници да ги платам, имаше такви ситуации, па одам по роднини, по пријатели, веќе сите вратите ги затвораат, молам, кукам плачам, така да ова веќе не е нормален живот“, се жали Јасмина.
Секој ден, велат Ѓукиќ, живеат во неизвесност како ќе го дочекаат наредното утро. Куќата им се распаѓа, долниот кат пак е полн со влага, собите мрачни и студени, без огрев, а тие немаат ни доволно облека, ни пари да набават лекови. Еден оброк добиваат од народната кујна, а за остатокот на денот како ќе се снајдат. Се грижат и за болниот татко на Јасмина, неговата пензија не му е доволна да си купи лекови. Оставени сами на себе, овие луѓе ја молат државата, за спас од суровата судбина која им ја одзела радоста и убавината во животот.