Достапни линкови

Кумановци соочени со беспарицата


Куманово
Куманово

Економската криза, невработеноста, беспарицата и сите проблеми на денешницата не ги одминаа ниту кумановци, а по автоматизам се префрлија и во новата година.

Вообичаено, во најголемата локална самоуправа во која бројот на невработените е околу 30 илјади, кумановци кои со егзистенцијалните проблеми се соочуваат не се само песимисти. Меѓу нив има и оптимисти, револтирани, критички расположени кон локалната или централната власт, трпеливи, но и како што велат некои, за да се преживее треба да се биде
Јас сум пензионер, и тоа просветен работник, ја чувствувам кризата. До 20-ти пари имам, а потоа треба да си уметник, па да го доживееш први.
уметник.
И додека пензионерите тешко се справуваат со беспарицата, невработените сметаат дека тие се во најдобра состојба. Барем редовно им доаѓа пензијата, без оглед колку и да изнесува тие имаат некаква сигурност.

„Јас сум пензионер, и тоа просветен работник, ја чувствувам кризата. До 20-ти пари имам, а потоа треба да си уметник, па да го доживееш први. За мене и не е толку тешко. Три деца сум одгледала, синот лекар е во Ирак, ќерката во Швајцарија, сите се некаде по работа. Мислам дека тие што се на власта треба да помислат малку, да се отвори нешто, младите да работат, да си ги вратиме децата дома.“

Куманово

А другите:
Цел град врие без работа. Треба малку повеќе вработувањето да го решат. Народот веќе е исцеден.

„Кога нема работа за луѓето, нема ниту задоволство.“

„Технолошпки вишок сум, ниту јас ниту сопругот не работиме. Се чувствува голема криза.“

„Многу сум сиромав. Нема работа, нема...“

„Многу сиромаштија владее.“

Како да се надминат овие проблеми, запрашаните кумановци велат:

„Да се најде работа, да се вработува народот, да почне да зема плата.“

„Ќе биде подобро ако влеземе во ЕУ.“

Има и такви кои не ја чувствуваат кризата:

„Не ја чувствувам кризата, бидејќи секогаш имало и секогаш ќе има. А има и разни видови кризи. Никогаш не може да биде супер. Може секогаш да биде и подобро.“

Но, и оние кои за тешката состојба ја обвинуваат власта:

„Излез? Додека е оваа влада нема излез. Треба да се смени владата и народот да се вработи.“

„Цел град врие без работа.Треба малку повеќе вработувањето да го решат. Народот веќе е исцеден.“

„Како не се чувсвува кризата, но како за сите така и за нас.“

Се чини за сега најлесно им е на вработените во државните институции кои колку и да не се задоволни од месечните примања, сепак:

„Редовна плата, кај мене нема криза.“

Во севкупната тешка состојба, кумановци последните десетина години од индустриски развиен град станаа печалбарски. Така, од секое второ семејство има најмалку по еден печалбар во Ирак, Авганистан или некаде на друго место. Од нивните пари освен семејствата, раце трие и локалната, но и централната власт. Меѓутоа, секојдневно над главата на сите им виси прашањето, што ќе се случи кога ќе секне и тој извор на пари! Надлежните не изготвуваат концепција за конструктивно вложување на нивните средства. Или, можеби се надеваат дека еднаш печалбар, цел живот печалбар, па нема потреба да се размислува долгорочно.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG