Граѓаните се жалат дека во земјава се живее се полошо, а платите одвај им стигнуваат за да ги исполнат основните потреби. Експертите велат дека властите треба да преземат поголеми чекори во борбата со сиромаштијата. Според официјалните податоци индексот на сиромаштија во Македонија е околу 30 проценти, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Повеќе од 53 илјади семејства земаат социјална помош. На работ на сиромаштија живеат околу 23 илјади луѓе, кои поради кризата останаа без работа, а бројката на невработени изнесува околу 341 илјада. Граѓаните велат дека живеат од ден за ден:
,,Мали примања, со 7 000 денари пензија, а двајца студенти имам.“
,,Животот многу е тежок, голема е сиромаштијата. Млади луѓе продаваат по пазари, срамота. Нас ни требаат фабрики, не ни требаат споменици.“
,,Од месец до месец, едвај крпиме за живот, едвај опстануваме.“
Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека е потребна подобра социјална политика, бидејќи таа што се води во моментов не им пружа доволно помош на луѓето.
,,Прашањата на социјалните станови, прашањето на пакетите и прашањето на народните кујни и сепак останува отворено дали доволно општеството прави на планот на остварување на една пофлексибилна и постабилна позиција за решавање на овој проблем.“
Министерството за труд и социјална политика започна двогодишен проект за социјално вклучување и борба против сиромаштијата. Проектот е вреден околу 500 илјади евра и со него се обидуваме да ги вклучиме сите групи, кои се исклучени од општеството, вели заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
,,Со оваа Стратегија целта е да се овозможи полесен пристап до образованието, до вработувањата, до домувањето на овие категории на лица, затоа што само на тој начин може да се постигне вистинскиот ефект, а тоа е нивното целосно вклучување.“
Европската унија ја прогласи 2010 за Европска година, чие главно мото ќе биде „Да ја спречиме сиромаштијата сега!“. Околу 80 милиони Европејци или 17 проценти од населението на унијата живее под прагот на сиромаштијата. Неодамнешното истражување на Евробарометар покажува дека 73 проценти од европските граѓани сметаат дека сиромаштијата е широко распространет проблем во земјата во која живеат, а 89 насто бараат од нивните влади да преземат итни мерки за справување со овој феномен.
Животот многу е тежок, голема е сиромаштијата. Млади луѓе продаваат по пазари, срамота. Нас ни требаат фабрики, не ни требаат споменици
,,Мали примања, со 7 000 денари пензија, а двајца студенти имам.“
,,Животот многу е тежок, голема е сиромаштијата. Млади луѓе продаваат по пазари, срамота. Нас ни требаат фабрики, не ни требаат споменици.“
,,Од месец до месец, едвај крпиме за живот, едвај опстануваме.“
Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека е потребна подобра социјална политика, бидејќи таа што се води во моментов не им пружа доволно помош на луѓето.
Со оваа Стратегија целта е да се овозможи полесен пристап до образованието, до вработувањата, до домувањето на овие категории на лица, затоа што само на тој начин може да се постигне вистинскиот ефект, а тоа е нивното целосно вклучување