Достапни линкови

Во ДУИ молк за бојкотот


Собрание
Собрание

Собранието изгласа гувернер без присуство на ДУИ. Сепак, без гласовита на најголемата партија на Албанците не можеше да се избере претседател на ДИК.

Во ДУИ се уште молчат зошто ја бојкотираат денешната собраниска седница и дали ќе го продолжат бојкотот.

Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ денеска го избра Димитар Богов за нов гувернер на народната банка. Токму изборот на Богов стана камен на сопнување меѓу партнерите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Албанскиот коалициски парнер соопшти дека нема да го подржи неговиот избор зашто не биле консултирани за предлогот.

Освен пратеничката Роза Топузова Каревска од ЛДП, на седницата не присуствуваше ни еден опозициски пратеник. Во Собранието немаше ниту еден пратеник од партиите на Албанците. ДУИ не дојде, а опозициските ДПА и Нова демократија веќе извесно време ја бојкотираат работата на Парламентот.

Димитар Богов ќе ја преземе гувернерската функција во мај

Поради тоа што во Собранието не беа присутни доволен број пратеници за двотретинско мнозинство, спикерот Трајко Вељаноски го одложи гласањето за претседател на ДИК за во петок на 18 март. Опозицискиот
Мислам дека не е добро, гледаме дека сега и ДУИ е отсутна од салата, значи останува само вашата коалиција, и на мускули да ги терате работите.
СДСМ го предложи Борис Кондарко, но партијата, и по вчерашната средба Груевски-Црвенковски, ја бојкотира работата на Парламентот.

Собранието не го прифати предлогот на пратеничката Роза Топузова Каревска од ЛДП да се симнат од дневен ред Изборниот законик, изборот на претседател на ДИК, изборот на гувернер и одложувањето на пописот.

„Мислам дека не е добро, гледаме дека сега и ДУИ е отсутна од салата, значи останува само вашата коалиција, и на мускули да ги терате работите.“

Макрадули: Исполнување на условите па избори
Донесување на Изборен закон со консензус на сите релевантни парламентарни партии, контрола на прочистување на избирачкиот список, усвојување на закон за рамномерност на буџетските кампањи во медиумите и одблокирање на сметките на А1, Време, Шпиц и на
**** е ре.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку прес-конференции од партиските простории се препукуваа околу условите за избори.

Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ вели дека на вчерашната средба, премиерот Никола Груевски не ги прифатил нивните услови и затоа не се враќаат во Собранието. Тој повтори дека СДСМ има само четири барања кои треба да обезбедат услови за одржување на слободни, фер и демократски предвремени избори.

„Донесување на Изборен закон со консензус на сите релевантни парламентарни партии, контрола на прочистување на избирачкиот список, усвојување на закон за рамномерност на буџетските кампањи во медиумите и одблокирање на сметките на А1, Време, Шпиц и **** е ре“, рече Макрадули.

Јанкулоска: Ако сакаат нека не излезат на избори

На тоа возврати министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа рече дека на вчерашната средба, Црвенковски дошол со став да нема договор за избори. Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи
Така ќе им го одземеме и последното алиби на Црвенковски и СДСМ да ја држат Македонија во заложништво, и тогаш ќе треба да излезат на избори, а ако сакаат нека не излезат на
избори.
Македонија да стане „заложник на суетата и стравовите на Бранко Црвенковски“ и оти ќе ги усвојат предлозите на СДСМ кои биле прифатени на средбата меѓу Груевски и Црвенковски.

Архивска фотографија: Избори

„Така ќе им го одземеме и последното алиби на Црвенковски и СДСМ да ја држат Македонија во заложништво, и тогаш ќе треба да излезат на избори, а ако сакаат нека не излезат на избори.“

Таа сепак вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со напорите да ја врати опозицијата во Собранието, заедно да се донесат одлуките да се оди на избори.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG