Одложено е гласањето за претседател на ДИК, што беше закажано за денешната собраниска седница. Претседателот на ДИК се бира со двотретинско мнозинство. Поради тоа што во Собранието не беа присутни доволен број пратеници за двотретинско мнозинство, спикерот Трајко Вељаноски го одложи гласањето за претседател на ДИК за 18 март.
Опозицискиот СДСМ го предложи Борис Кондарко, но партијата, и по вчерашната средба Груевски-Црвенковски, ја бојкотира работата на Парламентот.
Пратеникот Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека по вчерашнатасредба стана очигледно дека СДСМ на секој начин се обидува да најде причини да го бојкотира Собранието за да избегне разговори за можен датум за предвремени избори.
„Што сега? Сега нам ништо не ни останува туку да продолжиме понатаму да работиме, бидејќи не смееме да ја доведуваме судбината на Република Македонија и граѓаните на државата во прашање, заради инаетењето на СДСМ кон институциите и ќе бараме начини и понатаму да разговараме и преговараме, но во меѓувреме институциите на системот мора да функционираат и ние како одговорна партија тоа и ќе го правиме.“
Во СДСМ не беа достапни да одговорат кои ќе бидат нивните наредни чекори.
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи вели дека е позитивен фактот што Груевски и Црвенковски се сретнале.
„Доколку двете страни продолжуваат да ’тегнат‘ бескрајно, мислам дека тоа нема да има добар ефект за демократскиот процес на избори, токму поради тоа мислам дека треба да продолжат со уште една тура на разговори и доколку во тоа сами не успеале, да го прошират кругот и со албанскитеполитички партии, каде што мислам дека можеби ќе се добие една подобра и поефикасна атмосфера.“
Портпаролот на опозициската Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека не може да се договараат само Груевски и Црвенковски. Каков би бил тој договор без учество на партиите од албанскиот политички блок, прашува Хоџа.
„Не само што тогаш не би бил договорот како што треба туку и сега нема никаков договор, мислам дека е крајно време да се најде некакво решение. Треба да се одржи лидерска средба на сите политички партии за да може да се надминат сите разлики помеѓу политичките партии.“
И по вчерашната 10-часовна средба двете најголеми партии не ги усогласија ставовите.
Опозицискиот СДСМ го предложи Борис Кондарко, но партијата, и по вчерашната средба Груевски-Црвенковски, ја бојкотира работата на Парламентот.
Пратеникот Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека по вчерашната
Што сега? Сега нас ништо не ни останува туку да продолжиме понатаму да работиме бидејќи не смееме да ја доведуваме судбината на Република Македонија и граѓаните на државата во прашање заради инаетењето кон институциите на СДСМ и ќе бараме начини и понатаму да разговараме и преговараме, но во меѓувреме институциите на системот мора да функционираат.
„Што сега? Сега нам ништо не ни останува туку да продолжиме понатаму да работиме, бидејќи не смееме да ја доведуваме судбината на Република Македонија и граѓаните на државата во прашање, заради инаетењето на СДСМ кон институциите и ќе бараме начини и понатаму да разговараме и преговараме, но во меѓувреме институциите на системот мора да функционираат и ние како одговорна партија тоа и ќе го правиме.“
Во СДСМ не беа достапни да одговорат кои ќе бидат нивните наредни чекори.
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи вели дека е позитивен фактот што Груевски и Црвенковски се сретнале.
„Доколку двете страни продолжуваат да ’тегнат‘ бескрајно, мислам дека тоа нема да има добар ефект за демократскиот процес на избори, токму поради тоа мислам дека треба да продолжат со уште една тура на разговори и доколку во тоа сами не успеале, да го прошират кругот и со албанските
Доколку двете страни продолжуваат да ’тегнат‘ бескрајно, мислам дека тоа нема да има добар ефект за демократскиот процес на избори.