Достапни линкови

Сите се за лидерска средба, но...?


Можна ли е лидерска за решавање на проблемите?
Можна ли е лидерска за решавање на проблемите?

Сите се за одржување на лидерска средба, но уште пред да се сретнат и власта и опозицијата меѓусебно изразуваат сомнеж.

Добра е идејата за лидерска средба, дури е неопходно таа да се одржи, се согласуваат пратениците и од опозицијата и од власта. Меѓутоа опозицијата се сомнева во таа дали власта сака да ги исполни нивните барања. Од власта, пак, велат дека лидерските средби треба да го надградуваат основниот политички дијалог, а не да служат за разрешување на кризни ситуации.
Со отсуство на опозицијата од Собранието, опозицијата наметнува една кризна состојба која што потоа би требало да се решава на лидерски средби. Лидерските средби треба да се искористат како нешто коешто би требало да го надградува оној основен политички дијалог којшто треба нормално да се одвива во Македонија.

Лидерот на НСДП Тито Петковски вчера побара итна лидерска средба за изборите, и предложи таа да биде јавна, да се пренесува дирекно на МТВ.
Пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО-ДМПНЕ вели дека лидерската средба би одела во насока да се надминат недоразбирањата меѓу партиите.

„Со отсуство на опозицијата од Собранието, опозицијата наметнува една кризна состојба која што потоа би требало да се решава на лидерски средби. Лидерските средби треба да се искористат како нешто коешто би требало да го надградува оној основен политички дијалог кој што треба нормално да се одвива во Македонија.“

Поп Арсов, за идејата лидерската да се пренесува дирекно на ТВ, вели дека тоа е само обид на Петковски да ја замајува и забавува јавноста.

Лидерската средба кај претседателот Ѓорге Иванов на 7 февруари годинава

И од коалициониот партнер во владата ДУИ, се за одржување на лидерска средба.

„Секако во интерес на државата, ако е можно да се одржи лидерска средба, зошто да не“, вели пратеникот Тахир Хани.

Во СДСМ велат дека од власта зависи дали средбата ќе биде успешна.

„Дали од страна на Груевски има волја да ги усогласи ставовите со клучните политички субјекти во Македонија за одржување на фер и демократски
Дали од страна на Груевски има волја да ги усогласи ставовите со клучните политички субјекти во Македонија за одржување на фер и демократски
избори?
избори?“, вели секретарот на СДСМ Андреј Петров.

Во Нова демократија се за итна лидерска средба, на која партиите ќе се договорат за избори.

„Повеќе од неопходно е да се свика лидерска средба на која ќе се договорат политичките партии односно лидерите, да сите прашања што треба да се решат за предвремените избори“, вели партискиот портпарол Аријанит Хоџа.

Владата на последната владина седница ги усвоила новите изборни правила, а денеска тие ќе бидат разгледувани во Собранието, во Комисијата за европски прашања.

„Денеска ќе биде разгледан изборниот законик затоа што тој е дел од оние реформи коишто ни ги посочува и ги бара од нас Европската Комисија, ОБСЕ, ОДХР итн“, вели Поп Арсов.

За опозицијата е неприфатливо за измените на изборниот законик, власта да одлучува сама.

„Значи, она што изборниот законик не усогласен со опозицијата и неговото поминување на влада е нешто што воопшто не нуди гаранции за фер и демократски избори“, вели Андреј Петров од СДСМ.

Ова фрла сомнеж за регуларноста на изборите, велат од Нова демократија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG