Музичките тајфи кои музицираат на дебарските зурли и тапани се познати не само во нашава држава туку и пошироко во светот, но многу познати во Дебар се и мајсторите кои ги изработуваат зурлите и тапаните. Во Дебар има неколку познати мајстори кои ги изработуваат овие музички инструменти, а тоа се членовите на познатото дебарско семејство Мајовци.
Петрит Исаковски е познат зурлаџија, но и еден од најдобрите изработувачи на дебарската зурла. Тој во својот дом има работилница во која со задоволство изработува зурли.
„Дебарската зурла се изработува од дрво - дива цреша. Дрвото треба да отседне повеќе од една година, а потоа тоа дрво се буши и се бара соодветниот звук. Следи дупчење на дупките и изработката на славецот кој се изработува од зеленика и шимшир. Потоа се прави писката. Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки“, објаснува 43-годишниот член на семејството Мајовци.
Зурлите што тој ги изработува, денес покрај другото ги има и во многу домови во повеќе градови од земјава, кои се чуваат како сувенири.
Мемет Бајрами има 52 години и е внук на семејството Мајовци. Тој е најдобар изработувач на тапани. Над 20 години изработува тапани со познатите карактеристики на дебарско-мијачкиот регион.
„Каснакот од тапанот се изработува од костен или, пак, од ореово дрво. Карактеристично е тоа што дрвото, по направениот избор, се поставува во ѓубре од лисја и таму стои до два месеца. Потоа започува процесот на виење на каснакот, за да добие еластицитет и боја. Следи изработката на обрачот, кој се прави од дрво леска. Кожата на тапанот е од коза или, пак, од младо теле. Пречникот на дебарскиот тапан е 62 сантиметри“, објаснува Мемет.
Петрит и Мемет изработуваат зурли и тапани и за многу други музички тајфи од дебарскиот регион. И двајцата овој занает го имаат научено од нивните родители, кои исто така беа познати музичари и изработувачи на народни инструменти. Опстанокот на нивните семејства, Петрит и Мемет го обезбедуваат како од свирење на свадби и други манифестации, така и од заработката од продажбата на изработените зурли и тапани.
Петрит Исаковски е познат зурлаџија, но и еден од најдобрите изработувачи на дебарската зурла. Тој во својот дом има работилница во која со задоволство изработува зурли.
Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки.
„Дебарската зурла се изработува од дрво - дива цреша. Дрвото треба да отседне повеќе од една година, а потоа тоа дрво се буши и се бара соодветниот звук. Следи дупчење на дупките и изработката на славецот кој се изработува од зеленика и шимшир. Потоа се прави писката. Дебарската зурла се разликува од другите зурли по тонот кој се добива, но и од должината на инструментот. Оваа зурла е долга 52 сантиметри, додека другите се многу пократки“, објаснува 43-годишниот член на семејството Мајовци.
Зурлите што тој ги изработува, денес покрај другото ги има и во многу домови во повеќе градови од земјава, кои се чуваат како сувенири.
Мемет Бајрами има 52 години и е внук на семејството Мајовци. Тој е најдобар изработувач на тапани. Над 20 години изработува тапани со познатите карактеристики на дебарско-
Каснакот од тапанот се изработува од костен или пак од ореово дрво. Карактеристично е тоа што дрвото по направениот избор се поставува во ѓубре од лисја и таму стои до два месеца. Потоа започува процесот на виење на каснакот, за да добие еластицитет и
боја.