Со временска дистанца од само недела дена професорот и мултиинструменталист на народни инструменти Драган Даутовски на два пати го предизвика вниманието на македонската културна јавност. Најнапред со своите ученици настапи на манифестацијата Есенски музички свечености на концертот во Домот на младите насловен како Седенка кај учителот - Дома, а потем реши без многу кревање медиумска прашина да ја одбележи и првата декада од делувањето на својот квартет во кој за целото време музицираат Александра Поповска - вокал и клавијатури, Бајса Арифовска – тамбура и кавал и неговиот син Ратко Даутовски на тапан и други удирачки инструменти. Зад оваа негова артистичка пројава во Македонската опера и балет, сем човечкиот и уметничкиот порив, стои и, како што самиот знае да каже, силната потреба за делување во времево на звуковна агресија врз македонскиот културен простор.
„Јас многу силно ја чувствувам културната агресија која ни се случува во ова секојдневие, затоа што мојот уметнички и човечки идентитет е идентитет на мојата држава.“
Даутовски притоа истакнува дека вината за тоа ја сносат не само државата и медиумите, туку и сите ние поединечно со нашето неспротивставување на ефтината комерцијализација и неквалитетот.
„Јас сум загрижен за креативниот дух во државата, говорам за музиката. Значи ние имаме ситуација каде што се понеталентирани луѓе кажуваат дека нацијата ни е се понеталентирана, а имаме најмоќен, најсилен, музички патос.“
Од друга страна, уметникот кој сопствената битка за очувување на својот, на нашиот идентитет ја биел на бројни светски сцени, знае да забележи дека го пече и сознанието оти неговиот труд, неговото творештво, та и заложбите на останатите културни дејци, дома или глобално, не се вистински вреднувани од оние кои што треба да ги крепат и бранат интересите на Република Македонија.
„Луксуз е јас и ти, да очекуваме државата да биде таа која нас мора да ни дава пари, за да мора да работиш. Јас сум многу лут на државата само заради тоа што не ги вреднува не финансиски, бидејќти тоа оди по други канали, меѓутоа не ги лоцира вредностите кои се значајни за заедницата и нив да им даде верификација.“
Веднаш по овој славенички концерт во МОБ професорот Даутовски го најавува и обелоденувањето на првиот блу-реј носач на звук и слика со неговиот проект Клуч, а паралелно ги продолжува и активностите врзани за новите настапи на квартетот надвор од земјава.
Јас многу силно ја чувствувам културната агресија која ни се случува во ова секојдневие, затоа што мојот уметнички и човечки идентитет е идентитет на мојата држава.