,,Една песна-една судбина...Многу песни-многу судбини...Драгоцени музички бисери, со векови таложени во ризницата на народниот пејач... Испеани од тајфи и пејачки друзини..."Овие стихови посветени на градскиот мелос, ги будат спомените и разнежуваат срцата на сите кои ги паметат старите пејачки тајфи и ансамбли без кои бил незамислив градскиот живот во минатото. Помладите генерации кои не прават веридба, свадба или друга веселба без песната Деспина, Антица, Бог да бие Русе и другите што љубоморно се чуваат од забот на времето и вљубениците во старите градски песни и традиција во Охрид ќе имаат можност да уживаат во настапите на околу 200 членови на 12 ансамбли од повеќе градови во државава и еден од Варна Бугарија, на 22-те Охридски староградски средби што ќе се одржат во Центарот за култура во Охрид.
,,Облеката, носијата ќе биде во стилот на староградската од крајот на 19 и почетокотт на 20 век, што е зачувана и по домовите и инструментите се стари кои се користеле за староградската музика, виолината, гитарата, контрабасот и кемането, кои биле карактеристични за одредено време, кога староградската во градовите била како што е денес современата, а имало влијанија од западните земји, но и од старите Турски инструменти кои биле застапени, па во музиката имало примеси ид од ориенталната музика и традиција."
Вели Драгана Боцевска, директорка на Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, кој со помош на министерството за култура ја организира манифестацијата, што по паузата се возобнови пред три години.
,,Културната традиција е преточена во музиката, тоа што овие песни се сеуште живи е благодарение и на тие што ги препејуваат, на ансамблите кои се големи ентузијасти, но благодарение и на квалитетот на музиката, која опстанала со векови. Многу пејачи и групи старите песни ги препејуваат, тргнуваат од чалгиите и како основа го имаат овој тип на музика, како што се етно групите."
Вели Боцеска, според која оваа манифестација на староградската музика во Охрид е противтежа на големиот број фестивали посветени на фолклорот и народните песни и игри, кој потекнува од селата. Во Охрид, каде има неколку пејачки групи, граѓаните смежтаат дека е добро што повторно заживеаја староградските средби, а со нив продолжува и културната понуда по сезоната.
,,Мило ми е што Охрид со години и векови ја негува традицијата на староградски песни и игри што потекнуваат од старата тајфа наСадило, Охридски трубадури и Билјана, а во 60-тите години од минатиот век се сеќавам и на познатата група Лихнида, што потекнуваше од Охридските староградски семејства со нивната блескава и ненадмнината гардероба и квалитет. Се надевам дека оваа традиција ќе се негува и натаму, достоинствено продолжувајќи го градскиот мелос."
Вели жителка на Охрид, каде во пресрет на манифестацијата се одржа творечка лабораторија "Средба со творештвото на Мирјанка Селченец", ќе има изложба на фотографии "Лазурна рапсодија" на Анастас Ќушкоски, а пред Староградските средби, што ќе се отворат со настап на ансамблот Танец, ќе има дефиле на распеаните староградски тајфи низ Охридската чаршија.
Облеката, носијата ќе биде во стилот на староградската од крајот на 19 и почетокотт на 20 век, што е зачувана и по домовите и инструментите се стари кои се користеле за староградската музика, виолината, гитарата, контрабасот и кемането, кои биле карактеристични за одредено време
,,Облеката, носијата ќе биде во стилот на староградската од крајот на 19 и почетокотт на 20 век, што е зачувана и по домовите и инструментите се стари кои се користеле за староградската музика, виолината, гитарата, контрабасот и кемането, кои биле карактеристични за одредено време, кога староградската во градовите била како што е денес современата, а имало влијанија од западните земји, но и од старите Турски инструменти кои биле застапени, па во музиката имало примеси ид од ориенталната музика и традиција."
Вели Драгана Боцевска, директорка на Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, кој со помош на министерството за култура ја организира манифестацијата, што по паузата се возобнови пред три години.
,,Културната традиција е преточена во музиката, тоа што овие песни се сеуште живи е благодарение и на тие што ги препејуваат, на ансамблите кои се големи ентузијасти, но благодарение и на квалитетот на музиката, која опстанала со векови. Многу пејачи и групи старите песни ги препејуваат, тргнуваат од чалгиите и како основа го имаат овој тип на музика, како што се етно групите."
Вели Боцеска, според која оваа манифестација на староградската музика во Охрид е противтежа на големиот број фестивали посветени на фолклорот и народните песни и игри, кој потекнува од селата. Во Охрид, каде има неколку пејачки групи, граѓаните смежтаат дека е добро што повторно заживеаја староградските средби, а со нив продолжува и културната понуда по сезоната.
,,Мило ми е што Охрид со години и векови ја негува традицијата на староградски песни и игри што потекнуваат од старата тајфа на
Мило ми е што Охрид со години и векови ја негува традицијата на староградски песни и игри