Достапни линкови

Кина ја „претрка“ Јапонија


Пристаништето во Шангај
Пристаништето во Шангај

По 42 години, Јапонија веќе не е второ рангирана светска економија по САД. Денеска тоа место го презеде Кина. Причините се гледаат во слабата потрошувачка и силниот јен во 2010 година, што доведе и до пад на јапонската економија во последниот квартал. Кога Кина ќе ги претрка САД?

Кина ја надмина Јапонија во поглед на економскиот раст, покажуваат споредбите на податоците во двете земји.
Јапонската економија, според официјалните податоци, кои беа објавени денеска, бележи пад од 1,1 процент во четвртиот квартал од 2010 година. Со тоа Јапонија веќе не е втора по големина економска сила по Соединетите Американски Држави.
Тоа место сега и припаѓа на Кина, со бруто домашен производ од 5.474 трилиони американски долари. Намалената домашна потрошувачка и слабата побарувачка се сметаат за основни фактори кои придонеле кон падот на јапонската економија.
Портпаролот на јапонската влада Јукио Едано изјави:

„И покрај тоа што ни е одземено второто место во смисла на бруто домашниот производ, Јапонија е се уште десет пати побогата од Кина ако се мери по глава на жител. Ние мораме да го користиме нашето влијание како и развојот на соседните земји за нашето богатство да мине и на следните генерации.“

Скокот на Кина и падот на Јапонија покажува промена на економската моќ на земјата која се трансформира како сиромашна комунистичка држава со глобалното тешка категорија, и слабоста на Јапонија која беше „економско чудо“ веднаш зад Соединетите Американски Држави, повеќе од четири децении.

Јапонски работници во близина на берзата Никеи

Јапонските маки нема да траат долго, сметаат аналитичарите, очекувајки дека глобалното закрепнување позитивно ќе влијае и врз оваа земја. По дното во октомври, за периодот јануари – март 2011 се очекува враќање во позитивата.
Сепак, Јапонија сега е трета земја и Токио го призна и го поздрави економскиот растеж на Кина.
Предвидувања сега се разликуваат како и кога Кина би можела да ги надмине Соединетите Држави.
Според проценките на Светската банка и Голдман Сакс, тоа би требало да се случи во 2025 година.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG