Американскиот претседател го покрена прашањето за човековите права дури и пред неговиот кинески колега да го соблече палтото и официјално да биде пречекан во Белата куќа.
На церемонијата на пречекот, проследена со 21 артилериски плотун, Барак Обама ја нагласи важноста на човековите права за успехот на секоја држава.
„Историјата покажува дека општествата се похармонични, земјите поуспешни и светот е поголем само кога се почитуваат правата на сите народи и на сите луѓе, вклучувајќи ги и универзалните права на секое човечко суштество.“
Обама кој го поздрави издигнувањето на Кина во силна ипросперитетна членка на меѓународната заедница. Лидерите на двете најголеми светски економии изјавија дека постигнале согласност да ги заменат односите полни со сомневања со оние базирани врз доверба и врз заеднички интереси.
,,Во време кога некои се сомневаат во придобивките од соработката меѓу Соединетите држави и Кина, оваа посета е шанса да се демонстрира вистината. Имаме огромен удел во успехот на другиот. Во глобалната економија земјите како нашите ќе просперираат само ако работат заедно.“
Како ехо на изјвата на Обама беа и зборовите на Џинтао дека престојува во Вашингтон, скоро очигледно дека тоа ќе биде и негова последна посета на Соединетите држави бидејќи во идната година заминува од функцијата, за да ја зголеми меѓусебната довреба и и да го продлабочи пријателството.
„Нашата соработка како партнери треба да биде базирана врз меѓусебнопочитување. Живееме во се поразличен и во се поколоритен свет. Нашите две земји треба да го почитуваат правото на другиот да го избере својот пат на развој“, изајви Ху Џинтао.
Тој наведе дека претстои светла иднина за трговските односи меѓу двете држави.
Оваа оценка е потврдена со објавата дека Кина се согласила да инвестира 45 милијарди долари во американскиот извоз, вклучувајќи го и купувањето на 200 авиони од типот Боинг во вредност од 19 милијарди долари.
Договорите, според Обама ќе отворат нови 235 илјади работни места за Американците, што е приоритетна задача на Белата куќа.
Двајцата лидери исто така се согласиле да се изнајде компромис во нивното несогласување околу кинеската валута за која Вашингтон смета дека Пекинг вештачки ја држи потценета со цел кинеските производи да бидат поконкурентни на светскиот пазар.
Што се однесува до човековите права во Кина, претседателот Џинтао на прес конференцијата изјави дека Обама го покренувал ова прашање на сите осум нивни средби во изминативе две години.
„Постигнавме голем прогрес, но ситуација е уникатна. Ние сме земја во развој со огромна популација и во процес на реформи. Уште многу треба да се направи за човековите права во Кина“, изјави Ху Џинтао.
Тој ја продолжува посетата на Соединетите Држави со престој во Чикако и со разговори во Конгресот.
На церемонијата на пречекот, проследена со 21 артилериски плотун, Барак Обама ја нагласи важноста на човековите права за успехот на секоја држава.
„Историјата покажува дека општествата се похармонични, земјите поуспешни и светот е поголем само кога се почитуваат правата на сите народи и на сите луѓе, вклучувајќи ги и универзалните права на секое човечко суштество.“
Обама кој го поздрави издигнувањето на Кина во силна и
Историјата покажува дека општествата се похармонични, земјите поуспешни и светот е поголем само кога се почитуваат правата на сите народи и на сите луѓе, вклучувајќи ги и универзалните права на секое човечко суштество.
,,Во време кога некои се сомневаат во придобивките од соработката меѓу Соединетите држави и Кина, оваа посета е шанса да се демонстрира вистината. Имаме огромен удел во успехот на другиот. Во глобалната економија земјите како нашите ќе просперираат само ако работат заедно.“
Како ехо на изјвата на Обама беа и зборовите на Џинтао дека престојува во Вашингтон, скоро очигледно дека тоа ќе биде и негова последна посета на Соединетите држави бидејќи во идната година заминува од функцијата, за да ја зголеми меѓусебната довреба и и да го продлабочи пријателството.
„Нашата соработка како партнери треба да биде базирана врз меѓусебно
Постигнавме голем прогрес, но ситуација е уникатна. Ние сме земја во развој со огромна популација и во процес на реформи. Уште многу треба да се направи за човековите права во Кина.