Достапни линкови

Нобеловата награда за Лиу Ксиобао


Преседавачот на Нобеловиот Комитет Торнбјорн Јагланд на доделувањето на наградата во Осло 10.Декември 2010
Преседавачот на Нобеловиот Комитет Торнбјорн Јагланд на доделувањето на наградата во Осло 10.Декември 2010

Столчето на Ксиобао на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за мир остана празно. САД побараа од Кина да биде ослободен од затвор.

Во Осло денеска на кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо формално во отсуство му беше доделена Нобеловата награда за мир. Ксиобао издржува 11-годишна затворска казна во Кина поради барање за политички реформи во земјата. На празната столица на кинескиот дисидент беше поставена негова фотографија

За Кина станува збор за фарса а таа како и како и осумнаесет други земји - меѓу кои и Русија, Казахстан, Иран, Ирак и Авганистан не испратија официјални претставници на церемонија.

Официјален Пекинг соопшти дека оние кои ќе присуствуваат на доделувањето покажуваат непочитување кон Кина.

Меѓународните организации за човекови права го критикуваат Пекинг дека ги спречил пријателите и семејството на Ксиаобо да присуствуваат на церемонијата.

Прзаното место на кинескиот дисидент


Нобеловиот комитет соопшти дека наградата за мир на Ли Ксиобао му се доделува поради универзални вредности.

Американскиот Претседател Барак Обама, кој лани ја доби Нобеловата награда за мир, изрази жалење што Ли не може да присуствува на церемонијата во Осло и побара од Кина да го ослободи што е можно поскоро.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG