По маратонот низ Азија, претседателот Барак Обама неделава ќе престојува во Европа во убедување на европските партнери дека и покрај политичката ослабеност дома, останува посветен на добрата соработка за многу прашања, од војната во Авганистан до борбата против трговскиот протекционизам.
Но, тоа нема да биде лесно за Обама по големата загуба на неговата Демократска партија на изборите за Конгресот, наведува агенцијата Ројтерс.
,,Најважно за Обама не е да им покаже на европејците дека тој им е се уште важен, туку дека тие се уште им се важни на Соединетите држави,, вели Сели Мекнамара, експерт за европски прашања во Вашингтон.
Навикната да биде во центарот на вниманието на американската надворешна политика, Европа можеби се чувствува малку запоставена, особено откако во првата година во Белата куќа тој ја посети шест пати. И покрај европската љубовна врска со Обама кога беше избран пред две години, тој остави трансатлантските врски веќе да не бидат негов приоритет, туку на прво место на листата да дојдат азиските сили како Кина и Индија и домашната анемична економија и растечката невработеност.
Тоа нема да биде заборавено и за време на неговата нешто повеќе од 24 часовна посета на Европа, особено по последниот самит на Групта 20 во Сеул.
Таму германскиот канцелар Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон силно им се спротивставија на апелите на Обама за стимулирана економска експанзија со поголеми владини трошоци. Тие се за поцврста фискална дисциплина. Германија, Кина и другите големи извозници на ваквите американски потези гледаат како на мерки за слабеење на вредноста на доларот со што и американските производи ќе станат поконкурентни.
Ројтерс потсетува и на инсистирањата на Обама Групата осум најразвиени земји да прерасне во Група од 20 држави како главен форум за координирање на глобалната економска политика. ,,Тоа е чувствително прашање,, вели експертот Чарлс Капчан, додавајќи дека часовникот на Обама веќе покажува намален европски глас.
Самитот меѓу Европската унија и Соединетите држави првобитно беше планиран за мај годинава во Мадрид, но беше откажан откако Обама реши да не оди. Веднаш потоа избува должничката криза во еврозоната со извесни ефекти и врз американската економија. Роден на Хаваи и растен делумно во Индонезија, Обама, на кој му недостига инстинктивниот европски фокус што го имаа неговите претходници, прогласи дека тој сака да биде прв Пацифички американски претседател. Европејците можеби се прашуваат каде тоа го остави Атлантикот, се наведува агенцијата Ројтерс.

Најважно е Обама не да им покаже на европејците дека тој им е се уште важен туку дека тие им се важни на САД...