Достапни линкови

2011 – Рецесија или Раст?


Состанок на Г - 20
Состанок на Г - 20

Светската економија го продолжува своето бурно возење поради што, тројца истакнати економисти велат дека за да ја предивидат 2011 треба да гледаат во нивните кристални топки. Со нив Слободна Европа разговараше за очекувањата во САД, Еврозоната и движењето на доларот, еврото и цените на храната и индустриските производи.

Дали во 2011 големите економии во светот, влегуваат во период на големо опоравување или во двојно поголема глобална рецесија, е прашањето кое на истакнати економисти им го постави Слободна Европа?

„Не мислам дека ќе има двојна рецесија, што би значело пад, но јас мислам на европската економија ќе има проблеми. Мислам дека ќе има уште еден круг на криза, најверојатно на пролет и дека светската економија ќе се забави. Значи нема да има силна наплата и ќе има голем проблем со невработеноста во светот“, вели Сајмон Џонсон, поранешен главен економист на ММФ и професор на Институт за технологија во Масачусетс.

Неговиот колега директорот на „Капитал економикс“ Роџер Ботле се согласува дека нема да се случи ни едното ни другото.

Цените на памукот во изминативе 20 години



„Мислам дека растот може да биде малку блед, затоа што во Европа ќе има криза, но веројатно нема рецесија.“

И Алан Мелцер, професор по политичка економија на Универзитетот Карнеги Мелон смета дека Европа и САД, како најтешко погодени ќе се движат напред, но со бавно темпо во САД поради проблемите со невработеноста и пазарот со недвижности.


Нова структура на Еврозоната

Новинарите на Слободна Европа Хедер Махер и Џереми Бренштајн го прашаа Сајмон Џонсон дали еврозоната ќе преживее во оваа форма и која е перспектива за една или за пет години?

„Мислам дека еврозоната ќе преживее, но јас се сомневам дека ќе опстане во актуелниот состав. Сега се 16 земји или 17 земји со Естонија, која се приклучува во јануари. Исто така, се сомневам дека таа ќе биде во можност да продолжи со оваа политика односно секогаш да им помага на земјите кои се во неволја. Значи, ќе има големи промени во составот, структурата и функционирањето на еврозоната.“

Професорот Џонсон, имено, смета дека јадрото на еврозоната ќе преживее. Според него, тоа ќе биде силно јадро, кое ќе се бори со предизвиците за глобално лидерство, како што Европјаните се надеваат. Директорот на Капитал економикс Роџер Ботле е уште порадикален. Тој не мисли дека еврозоната ќе опстане во сегашната форма и дека не би бил изненаден доколку барем една земја не ја напушти валутната зона.

Долар. Во 2011 ОК, но натаму...?

Што пак економистите мислат за здравјето на доларот?

Симон Џонсон повторно:

„Доларот очигледно ќе биде потпомогнат од слабоста на еврото и проблемите во еврозоната. Луѓето ќе гледаат во доларот засолниште поради големите проблеми во земјите како Шпанија или Италија или Белгија. Но, на подолг рок, мислам дека доларот ќе има многу проблеми. Фискалната политика во САД продолжува да биде неодговорна, а како што новото евро ја воспоставува својата кредибилност, така луѓето ќе се префрлат од долари на евра и други валути, што со текот на времето ќе има тенденција да го ослаби доларот.“


Овие тројца економисти сметаат дека цените на стоките како индустриските суровини и храната ќе одат нагоре и надолу доста остро, иако побарувачката во светот ќе се зголеми.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG