Парламент без поголемиот дел од опозицијата, отсуство на политички дијалог и квалитетна дебата, протести на тутунари, стечајни работници, лекари, професори, активисти за човекови права... Вака изглед внатрешно-политичкиот живот во земјата. Од друга страна пак, владата уверува дека Македонија сака да стане дел од Европската унија и НАТО. А, на тој пат, претстојат уште реформи, но и нерешениот спор за името со Грција. Според експертите, внатрешно-политичките случувања во земјата се врзуваат со нерешените проблеми во нејзината надворешна политика. Спорот за името и оддолговлекувањето на неговото решавање се рефлектира врз односите во етничка и политичка смисла, предупредува професор Имер Исмаили.
„Во случај да имаме решение за името со Грција, што ќе биде прифатливо во целото општество во Македонија де факто ние во тој момент ќе немаме политички проблем внатрешен план. Доколку тој проблем не се решава тој директно влијае врз односите внатре во Македонија.“
Дека последните политички случувања во земјата не и помагаат на Македонија и се повеќе ја оддалечуваат од Европската унија и НАТО, укажува и холандската амбасадорка во земјава, Симоне Филипини. Во неделното интервју за нашето радио таа вели дека евроинтеграциите сенајсуштинското прашање за земјава иако посочува дека прашањето за името станува мултилатерално и се претвори во сопка за преземање на идни чекори.
„Значи, да ова прашање игра голема улога, особено во перцепцијата на граѓаните. Тие се чувствуваат фрустрирано и изолирано и мислам дека е потребно храбро и искрено лидерство од двете страни, и од македонската и од грчката страна, за да се ослободат од ова прашање. Македонија и Грција ќе останат соседи засекогаш, ќе мора да бидат партнери засекогаш зошто сакаат да бидат дел од исти организации, и не можеме да увезуваме билатерални прашања како ова. И што поскоро се реши тоа, толку подобро ќе биде за Македонија и таа што поскоро ќе може да ги рашири своите крилја и да летне кон членство во Европската Унија“, изјави Филипини.
Дека проблемот со името се испреплетува со внатрешната политика во земјава се согласува и аналитичарот Јана Лозановска. Но, според неа не станува збор за оддолговлекување на процесот на негово решавање, туку како што вели, неможност истото да се реши.
„Поради тоа што ставовите на страните се дијаметрално спротивни значи ова не е прашање на притисок и на време, туку прашање дали можат да се доближат“, изјави Лозановска.
Таа не е оптимист дека претстојната средба на медијаторот Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис ќе донесе новини во насока на заедничко прифатливо решение за двете страни.
Во случај да имаме решение за името со Грција, што ќе биде прифатливо во целото општество во Македонија де факто ние во тој момент ќе немаме политички проблем внатрешен план.
„Во случај да имаме решение за името со Грција, што ќе биде прифатливо во целото општество во Македонија де факто ние во тој момент ќе немаме политички проблем внатрешен план. Доколку тој проблем не се решава тој директно влијае врз односите внатре во Македонија.“
Дека последните политички случувања во земјата не и помагаат на Македонија и се повеќе ја оддалечуваат од Европската унија и НАТО, укажува и холандската амбасадорка во земјава, Симоне Филипини. Во неделното интервју за нашето радио таа вели дека евроинтеграциите се
Значи, да ова прашање игра голема улога, особено во перцепцијата на граѓаните. Тие се чувствуваат фрустрирано и изолирано и мислам дека е потребно храбро и искрено лидерство од двете страни, и од македонската и од грчката страна, за да се ослободат од ова прашање.