Достапни линкови

Предвремени избори за излез од кризата?


Macedonia - Election 2009
Macedonia - Election 2009

Опозицијата смета дека државата треба да се врати на „демократскиот колосек“ и потоа, што е можно побрзо, да се распишат избори.

Земјата да се врати „на демократскиот колосек“ и потоа што е можно побрзо да се распишат предвремени избори. Ова е ставот на СДСМ за излез од политичката криза во која западна државата по излегувањето на опозицијата од Собранието, вели секретарот на партијата Андреј Петров.

„Отсуството на демократија во земјата, во земјата нема слобода на медиумите, во земјата има атмосфера на тоталитарен систем и диктатура, каде што власта директно ги диригира контра-протестите на опозицијата како во најдобрите времиња на Слободан Милошевиќ, каде што секој што протестира против неа му вади контра-протести, каде што јавно етикетира личности во медиумите, судскиот систем е тотално растурен и под директна контрола на власта, сето тоа се многу сериозни причини, за ние воопшто да разговараме за нешто друго.“

Петров вели дека партијата ќе ги користи сите демократски средства за да ја врати земјата на, како што вели, демократски колосек, но не дава конкретни информации како планираат да го направат тоа.

Избори, архива 2002 година

„Решението, да прво овие работи за кои зборував, како предуслови да се отстранат и потоа да седне и да се разговара за што е можно побрзо одржување на фер и демократски избори.“

РСЕ: Кога би се оддржале изборите најбрзо?

„Јас не би прејудицирал тоа. Што побрзо за земјата, тоа подобро.“
Доколку се направат тие измени и доколку се разбира се почитува законот со соодветните избори кои треба да се направат, негледам лично зошто не би имало услови за избори.


Пратеничката Флора Кадриу од опозициската Нова демократија вели дека тие го напуштиле Парламентот затоа што мнозинството не го слушало гласот на опозицијата. Таа вели дека излез од оваа состојба се предвремените избори, кои треба да бидат закажани откако ќе се направат измени на изборниот законик што ќе овозможат фер избори.

„Доколку се направат тие измени и доколку се разбира се почитува законот со соодветните избори кои треба да се направат, не гледам лично зошто не би имало услови за избори.“

Весникот Шпиц и телевизијата А1 објавија дека премиерот Груевски размислувал, за надминување на политичката криза, да распише предвремени избори во мај или во јуни. Странските дипломати наводно биле загрижени поради овие планови, поради стравување од нерегуларни избори, по што опозицијата може да организира масовни протести.

Владата веднаш ги демантираше ваквите твдрења како невистинити.

„Никола Груевски досега ниту со еден дипломат нема разговарано на темата предвремени избори“, се вели во демантот на Владата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG