Достапни линкови

Македонија - делумно слободна


US--Freedom house logo, undated
US--Freedom house logo, undated

Во најновиот извештај на Фридом хаус, Македонија повторно се најде во групата делумно слободни земји.

Македонија останува во групата делумно слободни земји, без поголеми промени во демократскиот амбиент, покажува новиот извештај за Слобода во светот на организацијата Фридом хаус. Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија се единствените земји на Балканот што се „делумно слободни“. Сите останати спаѓаат во групата „слободни“.
За разлика од ланскиот извештај, кога Македонија беше сместена во
Во однос на слободата ние сме делумно слободни, во однос на здравството сме делумно професионални, во однос на судството делумно некорумпирани и веројатно следејќи ги истиве оценки веќе деценија и кусур излегува дека ние навистина живееме во една делумно
држава.
групата делумно слободни земји, но со тенденција за подобрување, годинава нема никаква забелешка за земјава – ниту на добро, ниту на лошо.

Активистката за човекови права Ирена Цветковиќ вели дека е поразително што Македонија толку долго време е во статус-кво ситуација од аспект на почитување на основните права и слободи.

„Деценија и кусур во различни аспекти од нашето општество ја добиваме отприлика таа оценка, делумно добри, делумно слободни, делумно некорумпирани итн, така што излегува дека во однос на слободата ние сме делумно слободни, во однос на здравството сме делумно професионални, во однос на судството делумно некорумпирани и веројатно следејќи ги истиве оценки веќе деценија и кусур излегува дека ние навистина живееме во една делумно држава.“

Ирена Цветковиќ на протест против проектот Скопје 2014 во април 2010

Џабир Дерала од невладината организација Цивил вели дека терминот „делумно слободна“ е многу широк, но голем проблем е кога една земја повеќе од една деценија е во таа категорија. За една мала земја во транзиција тоа значи дека се збогувала со слободата, вели Дерала.

„Тоа ви е како да имате бениген тумор една година и бениген тумор десет години. Односно за една година можеби и имате шанса да го излечите тој тумор, меѓутоа за десет години тој има шанси да прерасне во рак.“

Дерала вели дека власта не ги сфаќа сериозно меѓународните извештаи и не работи на отстранување на нотираните недостатоци.
Тоа ви е како да имате бениген тумор една година и бениген тумор десет години. Односно за една година можеби и имате шанса да го излечите тој тумор, меѓутоа за десет години тој има шанси да прерасне во рак.

Според Фридом хаус, делумно слободни земји се оние земји во кои е ограничено почитувањето на политичките права и граѓански слободи. Во делумно слободните земји, според Фридом хаус, често има корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски несогласувања, а на политичката сцена, и покрај плурализмот, една партија е доминантна.

Најмногу делумно слободни земји, односно 22, има во субсахарска Африка.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG