Достапни линкови

Апелационите судови затрупани со предмети


Апелационите судови затрупани со предмети
Апелационите судови затрупани со предмети

Битолскиот Апелационен суд оптоварен со голем број на судски предмети доставени од Основните судови во регионот. Слична е состојбата и со останатите Апелациони судови.

За тоа говорат и податоците дека во септември битолска Апелација со 25 судии имала вкупно 3488 предмети за решавање испратени од основните судови во Битола, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и Прилеп. 73 проценти од процесите биле наследени од претходните месеци, а остатокот 915 предмети биле новопримени. Судот за тој месец решил 26 проценти од жалбите, а за разгледување останале 2565 предмети.
Четирите Aпелациони судови во државата сега сме неажурни се затрупавме во работа. Согалсно законот за парнична постапка се забрзаа роковите, тие работат побрзо, но ние не бевме целосно екипирани за да можеме да одговориме на големиот прилив на предмети.


„Претставките и жалбите на конкретни предмети најчесто во 90 отсто случаи се зашто предметите доцнат во решавањето. Факт е дека Oсновните судови станаа ажурни и остатокот го решаваат. Четирите Aпелациони судови во државата сега сме неажурни се затрупавме во работа. Согласно законот за парнична постапка се

Апелацискиот суд во Битола
забрзаа роковите, тие работат побрзо, но ние не бевме целосно екипирани за да можеме да одговориме на големиот прилив на предмети“, вели претседателката на битолска Апелација, Даница Ристевска.

Секогаш кога судска одлука од првостепен суд еднaш укинал второстепениот при повторно доаѓање мора мериторно да го реши предметот. Со тоа се скусија постапките, но се зголемија бројот на судења во Апелација. Така во 2008 имало 50-тина судења, а лани 120. Поради ваквите состојби судскиот совет ја прошири систематизацијата за три судии.

„Со новите законски измени за шест месеци ќе се смета за стар предмет кај нас ако е нерешен. Сега во октомври се решаваат предмети за март и април. Но, се обидуваме да го скратиме тој период на решавање од осум месеци, имаме и некои постари кои имаат пречки. Се надевам дека до Нова година ќе го скартиме тој период од осум месеци и ќе стигнеме до законскиот од шест месеци“, вели Ристевска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG