Членовите на Комисијата за верификација на факти на денешната седница утврдија дека претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски не ги исполнува условите за вршење јавна функција бидејќи соработувал со тајните служби.
„На редовна седница Комисијата донесе решение дека ние и натаму остануваме на нашиот заклучок дека подносителот на изјавата не ги исполнува условите за вршење на јавна функција и во текот на денешниот ден ќе му го доставиме решението на носителот на јавната функција“, изјави Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите.
Претседателот на Уставниот во понеделникот на седница на Комисијата, која беше јавна на негово барање, ги отфрли обвинувањата дека соработувал со тајните служби. Тврдеше дека во време додека бил малолетен врз него била вршена тортура од страна на службеник од тајни служби и оти е жртва на минатиот и на сегашниот режим. Тој најави дека правдата ќе ја бара пред Управен и Врховен суд.
Фуере - Не треба да се напаѓа Уставниот суд
Вербалната битка која се води со Уставниот суд и штети на имиџот на земјата која се стреми да стане дел од Европската Унија, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој не сакаше да го коментира процесот на лустрација за претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски, затоа што се уште нема решение на комисијата, но вели дека досега могу пати изразиле загриженост за нападите на Уставниот суд и неговиот кредибилитет.
„Сметаме дека се поткопува всушност владеењето на законот во една држава.“
Фуере ги повика политичарите да се фокусираа на приоритетите на земјата:
„Тоа е независното судство и функционирањето на судството токму во тие независни рамки и довербата на јавното мислење кон судството.“
И експертие согласни дека се неумесни изјавите на Премиерот Никола Груевски кој вели дека е доведена во прашање легитимноста наодлуките на судот откако Комисијата за лустрација ги обелодени наводите за претседателот на Уставниот суд . Поранешната судијка во судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска вели дека политичарите во ваквиот случај треба да седат на страна.
„Ваквото јавно зборување може да биде на некој начин третирано и како одреден притисок, во една ваква ситуација, особено политичарите, со оглед на тоа дека станува збор за чувствителна материја, треба сосема да седат настрана.“
Професорот по Уставно право Бајрам Положани вели дека меѓусебните препукнувања на релација политичари -Уставен суд зборува за недостаток на политичка култура,за непознавање на материјата за која се зборува и за надлежностите и обид да се урне дигнитетот на институцијата. Професор Положани вели дека не треба да се доведува во прашање легитимноста на досега донесените одлуки смао зато што Ивановски е претседател на судот.
„Значи ја губи легитимноста за да биде носител на таа функција, тоа важи за во иднина, а за досега неможе да се доведат во прашање, легитимноста, законитоста на донесените одлуки во период во кој учествувало лице со такво историско минато.“
И Уставниот суд побара Премиерот да не го злоупотребува случајот со нивниот претседател Трендафил Ивановски за да ги политизира одлуките на судот и да тврди дека тие немале легитимитет.
„На редовна седница Комисијата донесе решение дека ние и натаму остануваме на нашиот заклучок дека подносителот на изјавата не ги исполнува условите за вршење на јавна функција и во текот на денешниот ден ќе му го доставиме решението на носителот на јавната функција“, изјави Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите.
Претседателот на Уставниот во понеделникот на седница на Комисијата, која беше јавна на негово барање, ги отфрли обвинувањата дека соработувал со тајните служби. Тврдеше дека во време додека бил малолетен врз него била вршена тортура од страна на службеник од тајни служби и оти е жртва на минатиот и на сегашниот режим. Тој најави дека правдата ќе ја бара пред Управен и Врховен суд.
Фуере - Не треба да се напаѓа Уставниот суд
Вербалната битка која се води со Уставниот суд и штети на имиџот на земјата која се стреми да стане дел од Европската Унија, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој не сакаше да го коментира процесот на лустрација за претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски, затоа што се уште нема решение на комисијата, но вели дека досега могу пати изразиле загриженост за нападите на Уставниот суд и неговиот кредибилитет.
Сметаме дека се поткопува всушност владеењето на законот во една држава.
„Сметаме дека се поткопува всушност владеењето на законот во една држава.“
Фуере ги повика политичарите да се фокусираа на приоритетите на земјата:
„Тоа е независното судство и функционирањето на судството токму во тие независни рамки и довербата на јавното мислење кон судството.“
И експертие согласни дека се неумесни изјавите на Премиерот Никола Груевски кој вели дека е доведена во прашање легитимноста на
Ваквото јавно зборување може да биде на некој начин третирано и како одреден притисок, во една ваква ситуација, особено политичарите, со оглед на тоа дека станува збор за чувствителна материја, треба сосема да седат настрана