Достапни линкови

Неделен печат – Прислушувањето како вовед во „кадифен фашизам“


Глобус донесува насловна тема за новиот закон за електронски комуникации. Фокус обработува теми од актуелните економски состојби. Форум, пак, се занимава со лустрацијата.

Интересна е насловната на неделникот Глобус за „Прислушувањето како вовед во ’кадифен фашизам‘“, во врска со промените на Законот за електронски комуникации, што во Собранието го турка владејачката партија, но сепак се определувам за економијата, како нешто од кое ни зависи секојдневниот леб. „Момент на вистината за програмата од 100 чекори“ - е насловот на анализата во која неделникот пишува дека долгото опстојување на лагата од типот „има пари во буџетот“, за власта значело само одбегнување на признавањето на вистината дека, всушност нема напредок, ами се бориме за да преживееме. Неделникот смета дека доколку власта, при претстојниот ребаланс на буџетот, ги скуси капиталните расходи, тогаш дефинитивно, проекцијата за раст од 2 отсто на бруто домашниот производ за оваа година станува нереална. Со тоа, заклучува Глобус, паѓаат во вода и сите формални, статистички споредувања со регионот и пошироко во стилот „ниту Германија нема да има таков раст како ние“.

Преродбениците повторно се чаламат со милијарди

И Фокус, во најновиот број, покрај повеќето интересни теми, на пример, за ширењето на радикалните исламисти – вахабитите во Македонија и за игнорирањето на тој факт од страна на власта и за медиумската корупциска сапуница Велија Рамковски – Миленко Неделковски, обработува тема од актуелните економски состојби. Поточно, како што насловува, „Преродбениците повторно се чаламат со милијардите во инвестиции, исклучиво за потребите на новите избори!“.

Премиерот Никола Груевски


„Истата лага во ново пакување“, пишува неделникот, и вели дека само за десетина дена, неколку владини претставници почнале да најавуваат подобри времиња, додека Европа се' уште размислува како да излезе од економската криза. Од друга страна, наведува Фокус, додека Груевци се подготвуваат за избори и се борат за рејтинг, Црвенковци никако да сфатат дека никој не може да му наштети на рејтингот на ’преродбениците‘ како што тоа можат да го сторат самите тие!

Транзициска правда

За една малку подзаборавена тема пишува неделникот Форум во најновиот број – за лустрацијата.
а не се објавуваат имињата на соработниците на тајните служби, всушност, се штитат кодошите. „Прашањето не е дали треба да се занимаваме со минатото, туку дали минатото и' пречи на сегашноста.
Во текстот под наслов „Транзициска правда“, неделникот забележува дека лустрацијата во Македонија официјално почна уште пред две години, речиси најдоцна од сите држави во регионот. Добронамерните би рекле, подобро некогаш, отколку никогаш, но и покрај стартот на процесот, се' уште е реална опасноста – лустрацијата во Македонија да не се случи никогаш!- смета неделникот. Во текстот се наведуваат мислења на експерти кои сметаат дека е потребна промена на постојниот закон, бидејќи со одредбата да не се објавуваат имињата на соработниците на тајните служби, всушност, се штитат кодошите. „Прашањето не е дали треба да се занимаваме со минатото, туку дали минатото и' пречи на сегашноста во Македонија“, го цитира Форум, како контрапункт на овие мислења, Марјан Маџовски, еден од изготвувачите на Законот за лустрација.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG