Достапни линкови

Лустрацијата закочена?


Незадоволство од работата на Комисијата за лустрација
Незадоволство од работата на Комисијата за лустрација

Политичарите очекуваат придвижување на процесот на лустрација, за да излезе историската вистина на виделина. Власта обвинува за одолговлекување на процесот.

Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека е незадоволен од работата на Комисијата. Тој очекувал поенергично да се работи и досега да има резултати. Според него, доцнењето се должи на тоа што голем дел од политичарите од времето на транзицијата што ја воделе земјата веројатно биле и дел од тие што можеби би биле предмет на лустрација. Од ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј претседател е Груевски, велат дека процесот долго време од одредени партиски структури бил одолговлекуван, но тие како структура го изгласаа законот.
Внесе многу колебање кај политичките субјекти, партиите итн.. едни се надеваа дека законот ќе биде спроведен така како што е донесен и затоа дадоа согласност за донесување на законот, сега е тешко да се утврди од каде се јавуваат препреките кој ги прави и како може да бидат совладани.


Пратеникот Стојан Андов, подносител на законот за лустрација
„Сега потребно е некое време околу спроведувањето, гледаме дека првите чекори се прават така што добро е тој процес да се истера до крај. Имаме некои најави кои што говорат во јавноста дека има и конкретен исход од тоа што се прави.“

Од ДПА откако се е заканија дека работите ќе ги земат во свои раце и дека сами ќе почнат да лустрираат и ќе го објават името на паратеникот од ДУИ кој соработувал со тајните служби, ги смирија страстите и и оставија време на комисијата да покаже резултати пред да превземат тие нешто.

Подносителот на законот за лустрација Стојан Андов вели дека одредени ограничувања го одложиле процесот на лустрација, но дека состојбата не е многу поразлична од другите земји во сосоедството. Андов вели дека процесот бил дополнително отежнат со интервенциите на Уставниот суд.

„Внесе многу колебање кај политичките субјекти, партиите итн. едни се надеваа дека законот ќе биде спроведен така како што е донесен и затоа дадоа согласност за донесување на законот, сега е тешко да се утврди од каде се јавуваат препреките кој ги прави и како може да бидат совладани.“

Претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев вели дека нормално е партиите да притискаат и да очекуват резултати.

„Сепак тие се политичари кои сакаат уште поголеми резултати јас го прифаќам тоа, и ние исто така бараме повеќе резултати и ќе притискаме во наредниот период што повеќе Комисијата да работи. Сите треба да бидат заинтересирани за што повеќе бројки, што повеќе резултати, функцијата на оваа Комисија е за државата.“

Комисијата се формираше на 15 јануари минатата година, досега се сменија четири претседатели, кои ротираат на секој 6 месеци.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG