Достапни линкови

Реален извештај од ЕК?


До крајот на месецов ЕК ќе го затвори извештајот за напредокот на Македонија
До крајот на месецов ЕК ќе го затвори извештајот за напредокот на Македонија

Додека власта очекува реален извештај од ЕК за напредокот на земјата, опозицијата критикува на забавеното темпо на реформи.

Очекувам реално вреднување на вложената работа во извештајот на ЕК. Сепак, за тоа најрелевантно ќе каже Комисијата на 9 ноември. Вака одговори вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски на прашањето какви се очекувањата од претстојната посета на преседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј, кој во Скопје ќе има средби со државниот врв и од претстојниот извештај за напредокот на
Досега владата ги има подготвено текстовите на 95 закони од европската агенда. Сметаме дека ова е еден добар успех за Владата и сметаме дека сето тоа ќе биде соодветно пресликано и во овогодинешниот извештај.
Македонија. Од предвидените 106 закони за оваа година во националната програма за усвојување на законодавството, владата ги подготвила текстовите на 87 закони, а дополнително, иако формално не се дел од програмата подготвени се текстовите на осум дополнителни закони кои претставуваат усогласување со европското законодавството или претставуваат одговор на некои од забелешките од минатогодишниот извештај, рече Наумовски:

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј доаѓа во Скопје

„Досега владата ги има подготвено текстовите на 95 закони од европската агенда. Сметаме дека ова е еден добар успех за Владата и сметаме дека сето тоа ќе биде соодветно пресликано и во овогодинешниот извештај за напредокот што ќе биде објавен на почетокот на ноември“, рече Наумовски.

Во изминатите неколку месеци дури и цела година постоеја повеќе оценки дека во Македонија нема реформи туку напротив дека има назадување. Опозицијата неколку пати до сега предупредува на забавеното темпо на реформите и можноста тие да бидат дел од критиките во есенскиот извештај. Ваквата слика ја надополнуваат и
Ќе наведам само еден пример за судството. Сите оние закони што во 2006 година беа дел од уставните реформи за независно судство, сега со последниот пакет на измени веќе го изгубија европското
знаме.
критиките за неефикасноста на јавната администрација, борбата против корупцијата и притисоците врз судството, кои беа упатени од последниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Пред објавувањето на есенскиот извештај, Владо Бучковски од СДСМ ја потенцира важноста од имплементацијата на законите:

„Ќе наведам само еден пример за судството. Сите оние закони што во 2006 година беа дел од уставните реформи за независно судство, сега со последниот пакет на измени веќе го изгубија европското знаме. Создаден е хаос и мислам дека тоа ќе бидат дел од забелешките.“

Извештајот на ЕК со оценката за напредокот во реформите и во полиитчкиот дијалог во земјава ќе биде затворен до крајот на овој месец. До крајот на годината се претпоставува дека ќе се донесат уште 15 до 20 закони со европско знаме.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG