Половата дискриминација при вработувањето е честа појава во земјава, велат граѓаните. Македонија се наоѓа на 49-тото место во светот на годишниот извештај на Светскиот економски форум за рамноправност помеѓу мажите и жените, што претставува пад за 21 место во однос на 2006-тата година. Според последното истражување на Евроаброметарот 20 проценти од испитаниците сметаа дека се наоѓаат во понеповолно положба кога при вработување поради полова дисриминација. Граѓаните се жалат дека дел од работодавачите не вработуваат жени кои се мажени.
,,Во последно време фирмите не вработуваат девојки, затоа што може ќе треба да плаќаат трудничко боледување."
,,Ако си бремена, мажена, имаш деца, нема да те вработат. Секогаш прашуваат дали си мажена, дали имаш деца, дали планираш, тоа е во секоја фирма."
Активистот за човекови права Жарко Трајановски вели дека не секогаш се дискриминараат само жените. Тој додава дека половата нееднаквост најлесно се забележува во јавните установи.
,,Како обучувач на негувателки во детски градинки можев да забележам дека нема ниту еден негувател. Мора во сите оние земји кои што водат сметка за родовата еднаквост, дури и во тие свери како што е грижата на децата да се води сметка за правична застапеност намажите, значи не е дозволено само жени да играат улога на луѓе кои што се грижат за децатата."
Потпаролот на Народниот Правобранител, Уранија Пировска вели дека често добиваат преставки за дискриминација при вработување.
,,Најголемиот број на преставки се однесува на процесот на вработување во јавната администрација за што впрочем надлежен е народниот правобранител. Според тоа морам да констатирам дека бројот на овие повреди не е мал, иако многу често граѓаните наместо да укажат на дискриминација се жалат на тоа дека им е повредено правото на работен однос."
Таа додава дека граѓаните се уште се неинформирани за видовите на дискриминација и дека е потребно да се покрене свеста кај граѓаните за да пријавуваат ваков вид на проблем. Експертите велат дека и покрај многубројните случаи на дискриминација, оваа дискриминација не се перципира како честа, споредена со партиската и етничката. Кога станува збор за дискриминацијата врз основа на пол, најпроблематично е идентификувањето на дискриминацијата како од околината, така и од самата жртва на дискриминација. Според Евробарометарот половина од испитаниците не си ги познаваат основните човекови права ниту механизмите со кои можат да се заштитат од дискриминација.
Ако си бремена, мажена, имаш деца, нема да те вработат. Секогаш прашуваат дали си мажена, дали имаш деца, дали планираш, тоа е во секоја фирмa
,,Во последно време фирмите не вработуваат девојки, затоа што може ќе треба да плаќаат трудничко боледување."
,,Ако си бремена, мажена, имаш деца, нема да те вработат. Секогаш прашуваат дали си мажена, дали имаш деца, дали планираш, тоа е во секоја фирма."
Активистот за човекови права Жарко Трајановски вели дека не секогаш се дискриминараат само жените. Тој додава дека половата нееднаквост најлесно се забележува во јавните установи.
,,Како обучувач на негувателки во детски градинки можев да забележам дека нема ниту еден негувател. Мора во сите оние земји кои што водат сметка за родовата еднаквост, дури и во тие свери како што е грижата на децата да се води сметка за правична застапеност на
Најголемиот број на преставки се однесува на процесот на вработување во јавната администрација за што впрочем надлежен е народниот правобранител