За ужасот во скопскиот затвор Идризово е личната исповед на Кемал Османи, човекот кој 18 години од својот живот ги поминал токму таму, и уште неколку по разно-разни други затвори, што ја објавува неделникот Форум во најновиот број. Суровоста и нечовечките услови во Идризово го удираат човека по глава и го тераат, иако некој ќе рече, затворениците се виновни и треба да си ја отплатат вината, да се подзамисли какво е лицето на државава пред она што се нарекува хумана ресоцијализација на затворениците, за, всушност, да не се создава нови криминалци. Дрога, коцка, силувања, педофилија, убиства и самоубиства се само некои од најмрачните тајни што ги крие озлогласеното Идризово, а за кои властите со децении наназад не преземаат ништо за да ги спречат. Во својата исповед, Османи кажува дека во целиот криминал што се случува во Идризово се вмешани оние кои треба да се грижат за ресоцијализацијата на осудениците - управата и вработените, или таканаречените надзорници. „Идризово е најголемиот ужас што може да му се случи на еден човек, јас ја заслужив казната поради моите дела, но она што се случува внатре е нечовечки и незаконски. Заровите за коцка што ги изработува затвореник, а ги продаваат надзорниците чинат 100 евра за пар, мобилен телефон 200 евра, неколку минути разговор од мобилниот на надзорникот - 20 евра, убиства, самоубиства, самици со 2 на 2 метра и кревет што може да се користи само од 21 часот вечерта до 5 часот изутрината, со канта од сирење наместо ВЦ...“, раскажува, покрај другото Кемал Османи, наречен Мендела, поради долгото лежење в затвор, во исповедта што ја објавува Форум.
Неделникот Фокус, во уводникот, продолжува со приказната за тајните досиеја за високи функционери на ДУИ, кои, наводно, им биле анонимно доставени во редакцијата. „Зад љубовта меѓу Груевски и Ахмети стои Белград на Слободан Милошевиќ“, е храброто и загадочно тврдење на неделникот и на насловната. За Фокус, најиндикативен бил молкот од Комисијата за лустрација која не покажала никаков интерес за доставувањето на „оригиналите“ од страна на редакцијата во кои, како што пишува, „се откриваат имињата на нивните можни клиенти“. И секако, продолжува неделникот, „тишината од партијата на Ахмети, која остава доволен простор за верување во веродостојноста на досиејата за двајцанејзини челници“. И, какво е тоа ВМРО кое не пројавува елементарна љубопитност пред евентуалната можност за откривање на вистината за 2001-та!?, прашува надокрај Фокус.
Од 11-октомврискиот митинг на СДСМ во Прилеп, неделникот Глобус, на насловната ја вади тезата дека „Македонија мора да се победи себеси ако сака да се спаси“, поточно, да се отвори радикален процес на комплетна девмроизација на македонското национално ткиво и да се победи идејата која досега беше во основата на нејзината културна и политичка матрица. Паралелно, Глобус, анализира кој тоа „го турка лидерот на СДСМ надвор од политичката арена“. Неделникот пишува дека во оптек се најмалку три сценарија за улогата на политичкиот ветеран Црвенковски на следните избори и прашува дали во партијата во моментов има личност која би можела да го замени харизматичниот лидер, без притоа да се ризикуваат нови расколи и уште една внатрепартиска криза.
Идризово е најголемиот ужас што може да му се случи на еден човек.
Неделникот Фокус, во уводникот, продолжува со приказната за тајните досиеја за високи функционери на ДУИ, кои, наводно, им биле анонимно доставени во редакцијата. „Зад љубовта меѓу Груевски и Ахмети стои Белград на Слободан Милошевиќ“, е храброто и загадочно тврдење на неделникот и на насловната. За Фокус, најиндикативен бил молкот од Комисијата за лустрација која не покажала никаков интерес за доставувањето на „оригиналите“ од страна на редакцијата во кои, како што пишува, „се откриваат имињата на нивните можни клиенти“. И секако, продолжува неделникот, „тишината од партијата на Ахмети, која остава доволен простор за верување во веродостојноста на досиејата за двајца
Зад љубовта меѓу Груевски и Ахмети стои Белград на Слободан Милошевиќ.